Изненадувачки старт во НБА финалето, Њујорк направи брејк

Њујорк Никс го победи Сан Антонио Спарс на гости со 105-95 во првата финална битка и поведе со 1-0 во серијата до четири победи. Џејлен Брансон постигна 13 поени во последната четвртина, само 6 помалку од целиот тим на Спарс.

Фото: x.com/NBA

Џејлен Брансон со 30 поени беше јунак на мечот. Тој се повреди во првата четвртина и на кратко го напушти теренот, но се врати и го предводеше својот тим до голема победа.

Карл Ентони Таунс имаше дабл дабл учинок од 18 поени и 12 скока, Ануноби додаде 17 поени, а вреди да се истакне и Џош Харт со 15 скока, 6 асистенции и 4 украдени топки.

Кај поразениот тим Виктор Вембанјама постигна 26 поени, но со лоша реализација на шут од поле (6/21). Стефон Касл имаше 17 поени и 8 скока, Џулијан Шампањ постигна 16 поени со 10 скока, а Дилан Харпер одигра одлично за дебитант со 16 поени и 8 скока.

Никс повеќе од еден месец се без пораз во плејофот. Ја запечатија 12. победа по ред, серија која почна уште на 26 април.

Ова им е прво соочување во големото финале после 27 години и можност за Њујорк да се одмазди.

Вториот натпревар се игра в сабота во 02:30 часот повторно во Сан Антонио. 

4 јуни 2026 - 08:52