Offside

Иронијата на судбината сакаше првиот меч на Манчестер Сити после пресудата на судот дека се виновни по сите 114 точки од обвиненијата, да биде токму против Ливерпул. На „Енфилд Роуд“ се одигра големото дерби кое мина во знакот на паролите од двете страни. Гостите убедливо славеа 0-3.

Знаеме Хрвати, и ние си имавме мака со него

Хрватска загуби дома 0:2 од Белгија на тест меч пред Светското. Се сеќавате колку проблеми ни создаде Жереми Доку на квалификацската против Белгија на гости, на која за чудо извадивме 0:0, така? Хрватите не можеа да го сопрат, а најголемиот калап го изеде Јосип Станишиќ.

Масивен конвој ја испрати Турција на Светско

Турците се острат јако за нивниот трет Мундијал во историјата за кој чекаа 24 години. Таа 2002-ра за нив ќе остане незаборавна. Трети во свет завршија. Погледнете како ја испратија бандата на Монтела.

Играчи со најмногу Мундијали во историјата

Лео Меси и Кристијано Роналдо овој месец ќе станат први фудбалери на планетава со шест учества на Светските првенства. 40 годишните Модриќ и Ноер, како и 39 годишниот Нагатомо ќе стигнат до пет. И Гиљермо Очоа доби шести повик, но на првите два не настапил. Легендарниот мексикански голман на 13 јули ќе полни 41 година.

Чкембари: Која е улогата на гувернерот на Македонија во носењето на фудбалскиот анонимус Милан Стојановски?

ФК Пелистер испадна во втора лига после пораз на пенали од Шкендија Арачиново. Навивачите се бесни. Бараат одговорност и јавно да се соопшти кој ги одобрувал сезонава трансферите.

Сторијата за новата химна на Арсенал

Ја раскажува нејзиниот автор, како позадина на веројатно најмоќното видео од прославата на Арсенал, кој конечно му донесе радост и насмевки на Северен Лондон. Името на химната е „North London Forever“.

Фрлете вода, одиме на Светско

Бразил е поим за фудбал со пет светски титули (1958, 1962, 1970, 1994, 2002). Сè под прво место за нив е неуспех. Погледнете го ова. Со крстен авион ќе патуваат.

Трофејот од ЛШ го прошетаа од Ајфелова кула до Роланд Гарос

Јако видео извадија парижаните со Луис Енрике и играчите кои беа во транс пред навивачите кај Ајфеловата кула. Имаше и парадирање на тенискиот Гренд слем во Париз и тоа со двата пехари од ЛШ.

Албанец му се закани на боксерскиот шампион Џошуа: „Ко ќе те дофатам во ринг...“

Големиот боксерски шампион Антони Џошуа (29, 4 порази и 0 нерешени, 26 победи со нокаут) се појави во јавноста првпат после страшната сообраќајна несреќа во Нигерија во која на место загинаа двајца негови тренери а тој мина со потешки повреди.

Внуците го расплакаа Карло со пораки пред Светското

После неверојатната и тешко достижна клупска тренерска кариера со 31 трофеј во 30 години, 66 годишниот Анчелоти ја стартува првата репрезентативна авантура и тоа со Бразил на Светско. Внуците го испорасплакаа на сред интервју.

Драган Шолак го остава тренерот кој направи огромна штета со шпионажа

Англиската втора лига позната како Чемпионшип важи за една од најтешките лиги за играње на свет. Кроз шега некои познавачи знаат да кажат дека Реал Мадрид да дојде во Чемпионшип нема да може да се пласира во Премиер лига. Просто треба да се окозиш во најтврда конкуренција каде секој секого може да победи. Саутемптон дојде во ситуација после 12 месеци да се бори за Премиер лига и го исфрлија од баражот.

Култно видео со Даре Панчев и Црвена звезда по пласман во финале

На 24-ти април 1991-ва година Црвена звезда одигра 2-2 против големиот Баерн Минхен во реваншот од полуфиналето на Куп на европски шампиони (КЕШ) и се пласираше во големото финале. На првиот натпревар во Минхен белградскиот состав славеше 1-2 со головите на Панчев и Савичевиќ. А на реваншот се случи култниот автогол на Аугенталер по центаршут на Михајловиќ кој претходно даде и еврогол од слободен удар.

Ма какво паѓање, Луиз Диаз е тоа

Колумбија пред Светско се загреваше со Коста Рика. Ја доби 3:1, Луис Диаз даде гол, ама уште повеќе ја воодушеви публиката со оваа игра еден на два. Како од шега ги реши.

Ким Јонг дошол кај младите фудбалерки да им честита титула

Младите фудбалерки на Северна Кореја до 17 години го освоиле женскиот Куп на Азија У-17. Со пехарот во рака и медалите заедно со младинската машка екипа на Наегојанг која освоила шампионска титула, сите го пречекале лидерот.

Шампионски пречек за шампионот Охрид

Охрид ги поздрави шампионите со сите нишани после освојувањето на Европскиот куп на ЕХФ. Прославата беше организирана на градскиот плоштад и зачинета со огномет и бакљада.

Македонија се врати во 2015-та, четири меча по ред е без постигнал гол

Турција ја декласираше Македонија со 4:0 во пријателска, која нив им служеше како загревање за Светско, а ние си ја влошивме низата и статистиката.

Кога во последно коло ќе го дадеш голот на сезоната

Мајсторот се вика Јосип Пургар, а занаетот го учи во футсал школата на Динамо Загреб. Тешко се повторува вакво нешто.

Квича Кварацхелија го живее детскиот сон

УЕФА го прогласи Грузиецот за најдобар играч на сезоната во ЛШ. Има и зошто. На секој натпревар учествувал со гол или асистенција.

Ферски, поштено

На младински турнир во Колумбија пред натпреварот меѓу Аргентина Хуниорс и Интер Палмира, фудбалерот на аргентинскиот состав Лука Агуеро на главната судијка и нејзините помошници им вика: „Да знаете дека во екипа имаме, играчот со број 5 и еден на клупа кои ги викаме „Црни“. Чисто да разјасниме да не се разбере погрешно“. И се ракувал со црномурниот капитен на Интер Палмира кој рекол нема никаков проблем.

Едно правило пред Светско кое ретко кој го знае

Синоќа во Токио Јапонија имаше генералка пред Светско првенство 2026 против Исланд. Победија Јапонците 1-0 но еден момент го одбележи натпреварот. Пред Исланѓаните да направат две измени во 85' минута, еден од фудбалерите не го напуштил теренот најмалку 10 секунди до најблиското место каде што можел да излезе од игра. Поради тоа Исланд морал да игра 1 минута со играч помалку како казна а баш тогаш Јапонија даде гол со играч повеќе на теренот.

Црвен картон на сезоната во Јапонија

За време на натпреварот меѓу Гифу и Ред Булс Омија Арџија во јапонската фудбалска лига, тренерот на гостите Јуки Мијазава во лутина шутнал едно пластично шише кое го погодило линискиот судија. Црвен картон ко од шала.

Фергусон му пишал на претседателот на ПСЖ: „Бевте подобар тим, игравте против досадна екипа“

Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед трофејниот Сер Алекс Фергусон му пратил текстуална порака на првиот човек на ПСЖ Насер Ал-Хелаифи после големото финале во кое Парижаните го совладаа Арсенал на пенали.

Не е само мавтај со рака, треба и да се знае нешто

На една од последните пријателски средби пред Светското првенство, Швајцарија го совлада Јордан 4-1 на домашен терен. И двете селекции ќе играат на Мундијалот. Капитенот на Јорданците Муса Ал Тамари во еден момент одважно со рака барал од своите соиграчи да излезат во висок пресинг, небаре игра во маало. Се залетаа а искусните Швајцарци ги решија со 2 потези и им покажаа како се игра фудбал.

ЕХФ: Добро утро од Охрид, новиот шампион на Европскиот куп

До доцна во ноќта во Охрид се славеше првиот европски трофеј во историјата на клубот и на овој град. Ракометарите по втор пат го победија унгарскиот тим Татабања и заслужено со 11 европски триумфи стигнаа до пехарот. ЕХФ на своите профили на друштвените мрежи објави:

Уругвај со романтично видео го најави составот за Светско

Уругвајците со одличен состав и стариот искусен волк Марсело Биелса патуваат на Светско првенство 2026. На интересен начин ги најавија 26-те репрезентативци кои ќе се борат на Мундијалот.