Драган Шолак го остава тренерот кој направи огромна штета со шпионажа

Англиската втора лига позната како Чемпионшип важи за една од најтешките лиги за играње на свет. Кроз шега некои познавачи знаат да кажат дека Реал Мадрид да дојде во Чемпионшип нема да може да се пласира во Премиер лига. Просто треба да се окозиш во најтврда конкуренција каде секој секого може да победи. Саутемптон дојде во ситуација после 12 месеци да се бори за Премиер лига и го исфрлија од баражот.

За првпат во историјата на англиската втора лига, еден тим беше исфрлен од познатиот бараж за пласман во Премиер лига поради шпионажа на противникот.

Саутемптон требаше да игра во големото финале на баражот на „Вембли“ во кое победникот добива 200 милиони фунти! А стотици илјади навивачи на овој клуб сонуваа враќање во Премиер лига. Сè беше спремно за борба против Хал Сити.

Но по една истрага фудбалската асоцијација на Англија (ФА) соопшти дека го исфрла Саутемптон од баражот зошто нивен човек бил фатен како со телефон снима тренинг на Мидлзборо пред нивниот дуел во полуфинале од баражот.

Лично тоа било на барање на тренерот на Саутемптон, младиот Германец Тонда Екерт.

За разлика од Германија, Италија, Шпанија, Франција и други земји каде снимање противнички тренинг е дозволено, односно не е забрането, во Англија тоа е строго забрането. Дури до кривични пријави и судски постапки.

Сега откако на Саутемптон му пропадна цела макотрпна работа и труд од цела сезона, а навивачите едвај се помирија со тешката суспензија, се огласи и тренерот Тонда Екерт кој е под истрага од ФА.

Според пишан извештај од панел на англиската Фудбалска лига, тренерот на Саутемптон уште порано барал да се шпионира тренинг на ривалите. “Господин Екерт прашал дали некој човек може да оди, да го снима и тренингот на Оксфорд пред нивен натпревар, барал да се види која постава се спрема за натпреварот или дали одреден играч е спремен да игра“, се вели во извештајот.

33-годишниот тренер Тонда Екерт и кажал на дисциплинската комисија дека тој бил изненаден што таквите акции биле против правилата.

Тој им наложил на аналитичарите од стручниот штаб а еден од нив во пишана изјава до дисциплинската комисија рекол дека „навистина немал друга можност“ и дека „не му била оставена можност да каже не“.

Откако тој истиот аналитичар од стручниот штаб гледал два тренинзи на Оксфорд, пратил извештаи, фотографии и видеа во клубот, пратил тактички решенија и селекција на играчи на ривалот.

Тренерот Екерт рекол дека не ги гледал сликите од тие тренинзи, но дека имал телефонски разговор со аналитичарот откако овој шпионирал туѓ тренинг.

Во месец април според истрагата тренерот побарал од аналитичарот да го шпионира и тренингот на Ипсвич, но наместо него кој одбил да прави такво нешто повторно, овојпат отишол друг аналитичар од академијата на клубот.

Тренерот Тонда Екерт тврдел дека не знаел дека ги крши правилата со тоа. Потоа побарал и трето снимање тренинг на противник, овојпат против Мидлзборо кој ќе се испостави за кобен затоа што аналитичарот беше фатен на дело, пријавен во полиција и беше отворена истрага.

Саутемптон експресно беше исфрлен од баражот и на нивно место играше Хал Сити кој го победи Мидлзборо и се пласираше во Премиер лига.

Тренингот на Мидлзборо го снимал и шпионирал првиот аналитичар кој рекол дека тој морал да го стори тоа зошто неговата работа би била под ризик ако не го стори тоа.

За неговите видеа, Екерт пред дисциплинската комисија рекол дека видеата биле со очаен квалитет, снимени од далеку и дека тие немале ама баш никаква корист од нив.

Саутемптон беше казнет со исфрлање од финалето на баражот и им се одземени 4 бода за следната сезона. Нивната жалба е одбиена. Панелот констатирал дека клубот стекнал спортска корист од шпионажата и дека „спортската предност е поразлична од спортски успех“.

Првиот човек на Саутемптон, Србинот Драган Шолак рекол дека нема намера да го отпушти тренерот Тонда Екерт. „Мислам дека заслужува втора шанса и сакам да му ја дадам. Има целосна моја поддршка зошто мислам дека е супер талентиран тренер“, рекол Шолак.

2 јуни 2026 - 11:25