На 29-ти декември минатата 2025-та година во сообраќјна несреќа на автопатот меѓу Лагос и Ибадан во југо-западна Нигерија загинаа неговиот личен тренер Латиф Ајоделе и кондициониот тренер Сина Гами. Џошуа беше пуштен од болница после два дена.
Сега тој се појави на прес-конференција по повод новиот боксерски дуел, против Албанецот Кристијан Пренга (20 победи, 1 пораз, со 20 нокаути), закажан за 25-ти јули во Џеда, Саудиска Арабија. Овој меч е насловен „Враќањето“.
36-годишниот Џошуа вели:
„Јас сум договорител, имам договори, тоа ми е работа, така што добив можност да работам и шанса да напредувам. Навистина се фокусирав на развој на мојот талент и моите вештини. Навистина сакам да го подобрам мојот боксерски Ај-Кју. Сакам да излезам таму и да покажам колку сум добар“.
Противник ќе му биде албанскиот боксер Кристијан Пренга кој има 35 години, роден е во Албанија а живее во Њу Џерси. Тој на Џошуа му рекол на маса на прес-конференцијата:
„Напорно тренирам, спремен сум. Извини што не зборувам англиски толку добро, но ти ветувам, ако те дофатам, никогаш не си добил такво нешто како мојата тупаница. Ти ветувам. Ти си голем борец, но во рингот јас немам респект за никого“.
Кристијан Пренга повторил дека тој тренирал и бил спремен како никогаш претходно. „Мислам дека ќе го шокирам светот“, рекол тој. Додал и дека тоа што е потценет и што повеќе се зборува за евентуален реванш на Џошуа.