Најефикасни кај победникот беа Еван Фурние со 20 поени, 3 скока и 5 асистенции, Саша Везенков со 16 поени и 5 скока, и Никола Милутинов со 10 поени и 12 скока.
Кај поразените прв стрелец беше Чеди Осман со 23 поени, 4 скока и 2 асистенции, Кендрик Нан со 20 поени и 4 скока и Константинос Митоглу со 14 поени после 4 уфрлени тројки. Ти-Џеј Шортс запиша 8 поени и имаше 6 асистенции. Очајна вечер имаше Најџел Хајс-Дејвис со мизерен шут од игра 1-13.
По третиот пораз по ред од најголемиот ривал, тренерот на Панатинаикос Ергин Атаман повторно распали по судиите. Тие му се виновни за уште еден пораз од Олимпијакос. Турскиот тренер на прес-конференција рече дека домаќинот имал 29 слободни фрлања а неговиот тим само пет.

„Резултатот од натпреварот? Резултатот од натпреварот е 82:76. Не, резултатот од натпреварот е 29:5 во слободни фрлања“, рекол Атаман и додал: „За грчките и српските медиуми: продолжете да пишувате како и секоја недела - Атаман е најлош тренер во Европа и судат најдобрите судии на континентот. Честитки. Толку!“, рече Атаман, удри во масата за прес-конференција стана и си замина.
Финалето во Грција се игра до 3 добиени натпревар а следниот натпревар е во петок во салата „ОАКА“ на Панатиниакос.
