Реал Мадрид шокиран, Тенерифе ги победи по -7 во последните 53 секунди

Кошаркарите на Тенерифе направија голема сензација откако го победија Реал Мадрид на гости 98:97 и поведоа со 1-0 во четвртфиналето на доигрувањето за шампионска титула во Шпанија. Тенерифе направи чудесен пресврт откако губеше 7 поени разлика на сам 57 секунди до крајот. На крај шут за триумф на Реал имаше Марио Хезоња но го промаши.

Тенерифе беше осмопласиран на крајот од сезоната во основниот дел од шпанската АЦБ лига. Ова е за првпат после цели 18 години во шпанската кошаркарска лига осмопласираниот на табела во доигрување да го совлада првопласираниот.

Серијата се игра до 2 победи а сега Тенерифе ќе биде домаќин пред свои навивачи во четврток во 21 на островот кога Реал Мадрид би можел да доживее сензационално испаѓање.

Најефикасни кај победникот беа Весли Ван Бек со 17 поени, Хаиме Фернандез исто даде 17 поени од кои клучната тројка за победа, а одличен беше и 40-годишниот Холанѓанец Арон Дормеканп со 15 поени колку што постигна и Тим Абромаитис.

Кај домаќинот кој ќе мора да се вади утре вечер од 21 часот кога ќе се бори за мајсторка, најефикасни беа Треј Лајлс со 15 поени и 5 скока, Андрес Фелиз со 14 поени, Тео Маледон со 13 поени и Марио Хезоња со 12 поени.

3 јуни 2026 - 10:58