24-годишниот Ричард Сијао е Кинез со американско државјанство. Тој е син на затворен кинески милијардер и е шеф на РХЦ групата. Вљубен во атмосферата и пред се од „конфети шоуто“ кое пред секој натпревар го прават бучните навивачи на Арис, тој решил да купи мнозински пакет акции.
Арис досега низ годиниве беше трета или четврта екипа во грчката кошарка, зад гигантите Олимпијакос, Панатиниакос и често зад градскиот вечен ривал ПАОК.
Сега жолто-црните од Атина влегуваат во нова ера а назначувањето на Спанулис за нов тренер покажува дека имаат сериозни амбиции. Спанулис беше селектор на Грција пред да стане тренер на Монако. Одлично го водеше тимот од кнежевството до моментот кога настанаа сериозни финансики проблеми поради кои на играчите и тренерите им доцнеа плати па Спанулис замина од клубот.
Сега реномираната кошаркарска страница Еурохупс пишува и дека меѓу први засилувања за Арис ќе бидат Ненад Димитријевиќ кој е под договор со Зенит Санкт Петербург но на позајмица во Баерн Минхен така што грчкиот состав ќе треба да го откупи неговиот договор. Во таа мисија би требало голем удел да има Никос Зизис, спортскиот директор на Арис кој на времето беше соиграч со македонскиот репрезентативец.
28-годишниот Димитријевиќ имаше одлична сезона во Евролигата каде го носеше дресот на Милано па на Баерн Минхен.
Покрај Нено во Арис би требало да дојде и Кем Бирч некогашниот европски шампион со Фенербахче кој има 33 години и кој би се вратил во Грција со оглед на тоа што играше за Олимпијакос. Трето име кое се поврзува со Арис е и Василис Харалампопулос од АЕК Атина. Тој има 29 години, висок е 2.04.
Некогашниот кошаркар на Панатинаикос и Олимпијакос и трикратен европски шампион Спанулис ќе добие буџет за трансфери во висина од над 10 милиони евра а тој самиот ќе добива годишна плата од 1 милион евра.
Арис како што стојат работите за сега, би требало во новата сезона 2026/2027 да игра во Еврокупот а постојат назнаки дека би можеле да конкурираат и за таканаречната вајлд-карта за место во Евролига.
Но за неа се борат уште и ПАОК како и Бешикташ.
НОВИ СОПСТВЕНИЦИ НА АСВЕЛ СЕ ГАЗДИТЕ НА ЛЕЈКЕРС
Нова ера започнува и француски Асвел кој планираше да се откаже од Евролига но летово мнозински пакет акции во клубот купиле Џои и Џеси Бас, деца на легендарниот сопственик на ЛА Лејекрс Др. Џери Бас. Џои и Џеси ќе вбризгаат околу 25 милиони нов свеж буџет за трансфери и плати во АСВЕЛ чиј претседател беше Тони Паркер кој првично сакаше да замине од клубот но сега останува и тоа ќе стане нов тренер на екипата за што ќе добива плата во висина од 1,2-1,3 милиони евра годишно.
АСВЕЛ минатата сезона ја заврши на последно место со ужасни 8 победи и дури 30 рекордни порази во Евролига. Во еден момент тие немале на располагање 5,8 милиони долари колку што се плаќа учеството, котизацијата во Евролига за нелиценцираните учесници.
Со новиот буџет кој би надминувал 25 милиони евра, францускиот клуб би влегол во Топ5 најбогати клубови во Евролига.
Во меѓувреме тие соопштија дека го откупиле одличниот француски репрезентативец, плејмејкерот Силван Франсиско од Жалгирис. Франсиско неколку години по ред е еден од најдобрите кошаркари во Евролига.
Тој ќе заработува 4 милиони евра годишно со што ќе стане најскапо платен кошаркар во историјата на француската кошарка.