Данецот Ериксен пак колабираше на сред терен

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен повторно изгуби свест како на Европското првенство во 2021-ва година кога на стадионот „Паркен“ во Копенхаген ги преплаши сите гледачи. Сега неколку минути бил во кома па се вратил и сега е добар.

На пријателската средба меѓу Данска и Украина, во 65' минута Кристијан Ериксен (34) без контакт со противнички фудалер или соиграч, се фати за градите и наеднаш падна на теренот.

Лекарскиот тим веднаш втрча брзо во теренот а фудбалерот набрзо го сокрија репрезентативците на Данска и Украина, како и во 2021-ва година со цел да се избегнат немили кадри, фотографии и видеа.

Режијата ги пренасочи камерите во други кадри.

После само неколку минути Ериксен се врати, се разбуди и со аплаузи од трибините го напушти теренот. 

Во 78' минута главниот судија Сигурд Крингстад го прекина натпреварот при резултат 2:1 за Данска. Но тоа воопшто не е важно. Најважно беше што Кристијан Ериксен е добар за што потврдиле веднаш и лекарите.

„Кристијан се чувствува добро и самостојно го напушти теренот. Според мене кардиостимулаторот работел добро. Тој на кратко изгуби свест но многу брзо се врати при себе и брзо му укажавме помош. Сега ќе помине дополнителни испитувања во болница за да се види која била причината што довела до ова. Постојано сме на линија со него и лекарите. Но Кристијан е добро, ме замоли ако можам да им пренесам поздрав на сите играчи и да им кажам дека се е во ред“.

„Крситијан Ериксен е во сознание и се чувствува добро и поради моменталните околности натпреварот се прекинува“, напишале од Данската фудбалска репрезентација. 

Во 2021-ва година Кристијан Ериксен падна исто на првиот натпревар од Европското првенство на Данска против Финска на стадионот „Паркен“ во Копенхаген. Подоцна после подолго мирување, му вградија имплантирен кардиовертер-дефибрилатор за контрола на срцевиот ритам.

Девет месеци после тој немил настан Ериксен се врати во репрезентацијата на Данска. Сезонава некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Интер, играше за Волфсбург, постигна три гола и имаше 10 асистенции на 31 натпревар.

 

8 јуни 2026 - 09:05