Флорентино Перез победи на претседателските избори во Реал откако доби 21.741 глас (65%) наспроти противничкиот кандидат Енрике Рикелме за кого гласаа 11.814 гласачи (35%). Изборната комисија притоа одбила и нерегистрирала дури 400 неважечки гласови за Флорентино Перез затоа што биле со двоен печат.
„Сакам да продолжам да го градам клубот кој е лидер на сите најпрестижни меѓународни рејтинзи. И се само за тоа да продолжи да победува: ќе се бориме до крај за да ја освоиме нашата 16-та титула (во Лига на шампиони. И ќе работиме над тоа нашите вредности да ни станат потпора во иднина“, рекол Перез меѓу другото.
Тој и го најавил враќањето на Жозе Мурињо на клупата на Реал Мадрид.

Противкандидатот на Перез, младиот Енрике Рикелме кој водеше прилично остра и агресивна кампања и најавуваше дека ќе донесе чудесни имиња во Реал Мадрид, на крајот го признал поразот.
„Му честитам на Флорентино Перез за победата на изборите, денес тој победи. Сакам да му заблагодарам што сега сите членови на Реал Мадрид кои не слушнаа ја разбраа важноста на гласањето после цели 20 години“.
Тие ја знаат нашата главна црвена линија - несогласување со продажбата на клубот. Тие (гласачите) го слушнаа тоа и се изјаснија мошне јасно. Ние знаеме дека Реал нема да се продаде, Реал и неговите членови можеа да го искажат тоа и да го покажат на овие избори“.

ЗОШТО ПЕРЕЗ ОРГАНИЗИРАШЕ ИЗБОРИ?
На кратко: му здосадиле критиките од медиумите и решил ако луѓето навистина се незадоволни нека си го покажат тоа на избори.
Спроед зборовите на Парез, во последните месеци „се појавила апсурдна ситуација предизвикана од кампањи против интересите на Реал и особено против претседателот“. Перез вели дека фудбалските резултати не се баш најсјајни но дека критиките се користат за напади лично врз него.
Без да кажува имиња, Перез изјавил дека знае дека „некои влијателни луѓе организираат наапди врз него и Реал во медиумите. Затоа изборите биле потребни за тие да излезат од сенка и да напаѓаат отворено“, рекол Перез.
За своите заслуги за Реал тој рекол: „Со мене Реал Мадрид освои 66 титули: 37 во фудбалската екипа и 29 во кошаркарската екипа. И мене ме болеше што годинава не освоивме ништо но сум освоил на чело на Реал повеќе од кој било друг“.
Перез беше активен во предизборната кампања: го искористи назначувањето на Мурињо заедно со потписите на новите играчи Дензел Думфрис и Ибраима Конате.