Реми меѓу Канада и БиХ, прв бод за Канаѓаните на Светски првенства

Во Торонто на реновираниот стадион, вечерва еден од домаќините на Светско првенство, Канада и Босна и Херцеговина одиграа нерешено 1-1 и си поделија по бод во 1. коло од групата Б каде се уште и Швајцарија и Катар.

Дваесет и седум годишниот Јово Лукиќ постигна убав гол за водство на Босна и Херцеговина во 21' минута на асистенција на Сеад Колашинац. По водството, селекцијата на Сергеј Барбарез се повлече и го сочува водството до паузата.

Во вториот дел Кајл Ларин кој влезе од клупата за резерви во 76' минута, за само минута време постигна прекрасен гол за 1-1 и бод за Канаѓаните. Прв во историјата на Мундијалите за нив.

Канада имаше и сериозни шанси за повеќе погодоци. Еднаш погодија пречка, еднаш Сеад Колашинац ја извади топката од сама гол линија а во 90+5' минута Ларкин имаше одлична прилика и за нов гол и победа.

 

12 јуни 2026 - 23:04