Offside

Голден Стејт Вориорс приредија спектакуларен и историски пресврт, совладувајќи ги Лос Анџелес Лејкерс со 112–95 во рамките на НБА Купот во „Чејс Центар“.

Кориере дело спорт: Бура од реакции поради италијанската химна

Покрај целосно издржаните критики за лошиот терен за што добија извинување од Елмас, Италијанците го искритикуваа и интонирањето на химната, во изведба на Барбара Поповиќ.

Канада ги совлада САД за бронза, Американците останаа со празни раце

Кошаркарите на Канада после продолженија ја совладаа селекцијата на САД 127:118 (34-25, 24:31, 33:26, 20:29, 16:7) и стигнаа до својот прв медал во историјата на светските првенства.

Што го изнервира Милевски за време на славјето?

Македонија оствари голем резултат против поранешниот европски и светски првак Италија, а селекторот Боби Милевски откако се изгушка со соработниците, лут му го бутна мобилниот на човек кој стоеше до нив и ги снимаше, а потоа влезе во расправија со Лучано Спалети. Чуму ваков однос?

Македонија е махер против големата Италија, Барди со еврогол му го расипа дебито на Спалети

Македонската фудбалска репрезентација одново не му се даде на четирикратниот светски првак кој пристигна по одмазада во Скопје после шамарот во Палермо. Македонија - Италија 1:1. Делириум на Градски пред 28.000 гледачи. 

О'Неј стана рекордер по број на голови за Бразил

Нејмар скоро шест месеци не играше фудбал и повеќе се глупираше надвор од теренот, ама синоќа покажа дека е мајстор на својот занает. Нему може да му се оспорува се, но фудбалскиот талент е неоспорен. На мечот Бразил - Боливија од квалификации за Светско првенство постигна два гола и го надмина досегашниот рекордер Пеле по бројот на голови за „кариоките“.

Роналдо му влезе на голманот на Словачка со крампони во глава

Со голот на Бруно Фернадеш, Португалија ја доби Словачка на гости и може да биде среќна што не остана со играч помалку. Кристијано Роналдо имаше несмасен старт над Мартин Дубравка и помина само со жолт картон.

Како Медо му одржа лекција на Карлос Алкараз

Најдобриот руски тенисер Данил Медведев буквално го растури Шпанецот Карлос Алкараз со 3-1 во сетови 7-6, 6-1, 3-6, 6-3, се пласираше во ново големо финале и не му дозволи на ривалот да ја брани круната освоена лани.

Спалети: Елмас ми е како син, а мечот од Палермо можам цел да ви го раскажам

Довчерашниот стратег на Наполи, Лучано Спалети, вечерва ќе дебитира како селектор на Италија против Македонија на Градски. Го прашавме колку пати го гледал мечот од Палермо, а тој ни одговори дека ако сакаме може и да ни го раскаже. За Елмас како и секогаш зборува во суперлативи.

Ѓоковиќ го збриша младиот Американец Шелтон за ново финале

Најдобриот светски тенисер го совлада големото изненадување на овогодинешниот УС Опен домашниот миленик Бен Шелтон (20) со 3-0 во сетови 6:3, 6:2, 7:6.

Спектаклот САД - Германија го добија Германците за европско финале на Светско

По брзата елиминација на Франција уште во групна фаза, мнозинството ги гледаа САД и Канада во финалето но така не мислеа Србија и Германија кои ги елиминираа.

Сјајната партија на Богдан Богдановиќ кој ја потопи Канада

Со историска победа над Канада 95:86, кошаркарите на Србија влегоа во големото финале на Светско првенство. Србите играа неприкосновено од почеток до крај, ја задржаа Канада на 39 поени на полувреме и во нападот растураа преку Богдановиќ. Кошаркарот на Атланта Хокс имаше 23 поени, 4 скока, 3 асистенции, 3 украдени топки и една блокада.

Фантастичната Србија е во финале на Светско првенство, Канада разбиена

По феноменалната партија против Литванија во 1/4 финале, српските кошаркаши денеска уште пофуриозно ја совладаа Канада 95:86, уште еден најсериозен кандидат за медал. 

Чуамени ја испука јако од 25 метри

Франција бележи перфектен старт во Б групата од квалификациите за ЕП 2024. Ја совладаа Република Ирска со 2:0 за 5 од 5 и гол разлика 11:0. Орелијен Чуамени го има досега најубавиот гол во овој репрезентативен циклус.

Мајсторски слободен удар на Меси за Аргентина, голманот не мрдна

Аргентина го совлада Еквадор со 1:0 во квалификациите за СП 2026. Ново шоу на Меси кој израмни рекорд на Луис Суарез.

Елмас раскажува кога прв пат му тропнал во соба на цимерот Алиоски

Откако зборуваше за тоа какво е чувството на 17 години да се носиш со Иниеста, Бускетс, Иско, Давид Силва и другите големи ѕвезди на Шпанија, Елиф Елмас открива пикантерии и од денот кога му се приклучил на националниот тим во хотел пред дебито. Најмногу го зафркавале Џани и Нестор, а тој бил многу самоуверен и покрај името на противникот.

Лучано Спалети, тајната приказна на еден гениј

Во вториот дел од приказната за Спалети ќе прочитате за успесите и проблемите во Зенит, неуспешниот кам бек во Рома, шпанската серија со Икарди и жена му, релаксирањето на село каде добил прво повик од Малдини, па од Де Лаурентис.

На 9-ти во сабота два дуели со Италија, одбојка и фудбал

Македонските одбојкари во сабота од 18:00 ќе се судрат со најголемиот фаворит за злато, актуелниот европски и олимписки првак Италија, на нивен терен во Бари. Два часа и четириесет минути подоцна вечерта во Скопје фудбал ќе играат Македонија и Италија.

Како изгледа „Градски“ на 2 дена пред Италија?

Најголемите ѕвезди на италијанскиот фудбал и нашите Енис Барди, Елиф Елмас, Столе Димитриевски и другите во сабота од 20:45 ќе играат на тревник каков што има само во селски фудбал. Што се случи летово до толку да не можеа да го одржат тревникот надлежните.

Јорданскиот Меси

Во квалификациите за Азискиот Куп за играчи до 23 години, Јордан со 9-0 го победил Брунеи У23. Еден од головите бил во стилот на Лео. Стрелец 20-годишниот Амин Ал-Шанаинех.

Знаете ли како се изведуваат слободни фрлања во Кореа?

Во кошаркарското првенство на Јужна Кореја играчите редовно изведуваат слободни фрлања од табла. Некој би рекол дека е ретро потег, ама кај нив проаѓа и те како. 

Има ли јунак што може против овој форхенд на Алкараз?

Карлос Алкараз го збриша Александар Зверев со 3:0 (6:3, 6:2, 6:4) и закажа полуфинале на УС Опен против Медведев. Шпанецот е во топ форма, ќе се уверите и од видеата. Почнуваме со страшниот форхенд, а потоа и сите останати поени задолжителни за гледање.

Од каде го извади овој топовски удар детево?

Лаос У-23 против Австралија У-23. Некој од децава има вечерано со Роберто Карлос. Па ова не е нормално и нема никаква логика да се бара од било кој голман да го одбрани ударов.

Легендата Рамос одби милиони од Саудиска Арабија и плачеше на дочекот во Севиља

Легендарниот шпански стопер кој се прослави со Реал Мадрид после цели 18 години се врати во својот роден клуб Севиља. Го совладаа емоциите.