Го гледавте и го анализиравте ли мечот меѓу Италија и Македонија одигран во Палермо?, беше прашањето на Офф.нет.
„Се разбира. Ако сакате, можам цел да ви го раскажам. Го гледавме многу пати. Го гледавме заедно за да направиме анализи и истражувања и токму од тој меч успеавме да извадиме заклучоци и примери кои ни послужија за градењето на играта. Пред очи ни е тој натпревар“.
За Елмас
„Елмас ми е како син. Целосно можев да се потрам на него, ја покажа целата негова класа, беше протагонист на убавото првенство на Наполи. Ќе има голема возбуда кога ќе се прегнеме, нешто кое ќе сакаме да го направиме и двајцата. Се работи за многу силен играч кои ќе ни прави проблеми. Тој ги знае противниците со кои ќе се соочи напред и ќе биде подаденакво тешко и за него“.
Пред да се појави новиот италијански селектор, во прес центарот на Градски за мечот зборуваше новиот капитен на Италија, Чиро Имобиле, инаку прв стрелец во историјата на Лацио со 197 гола.
Нашето прашање за Златната копачка од 2020-та беше: Кои се силните страни на Македонија и кои се играчите од кои доаѓа најголемата опасност?
„Имаме неколку пати играно против Македонија. Последниот пат кога игравме, тоа беше многу специфичен меч за нас, бевме многу нервозни со желба веднаш да направиме резултат, но тоа ни се одрази. Мислам дека во целост Македонија има силен тим со многу играчи кои настапуваат во важни првенства низ Европа. Го имаат Елмас кој е одличен играч и шампион на Италија со Наполи. Ги анализиравме и ќе видиме како можеме да им направиме потешкотии“.