САД - ГЕРМАНИЈА 111:113
Во полуфиналниот ден се одиграа двете најдобри средби на целото Светско првенство, заедно со онаа меѓу САД и Литванија од групната фаза.
Германците го забележаа најголемиот успех во историјата на Светските првенства. Андреас Обст, кошаркар на Баерн Минхен, во јавноста познат како просечен евролигашки кошаркар, денеска блескаше против претплатените НБА ѕвезди.
Денис Шрудер, плејмејкерот кој имаше срамни 4/26 со Летонија и беше на удар на срамот од целата јавност, денес постигна 23 поени и беше клучен во триумфот против САД.
За голема сензација се погрижи и сјајниот Франц Вагнер, детето на Алба Берлин кој со 208 сантиметри покрива позции 2 и 3 а понекогаш и 1.
Германците уште во првата четвртина најавија жестока битка со САД, селекција во која играа НБА кошаркари предводени од тројца врвни тренери од клупата: Стив Кер, Ерик Сполстра и Тајрон Лу.
OBST OBST OBST OBST OBST OBST OBST OBST OBST OBST OBST OBST OBST OBST OBST OBST OBST OBST OBST OBST OBST OBST OBST OBST#FIBAWC x #WinForAll https://t.co/LQsPfZfeL4
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) September 8, 2023
Германија го доби првиот период со 31:30 после жестоки дуели на паркетот во натпревар кој изобилуваше со неверојатни атлетски спринтови од двете страни. Погаѓаше САД од многу позиции, посебно Едвардс, но немаа решение за горостасот Франц Вагнер кој важи за еден од најдобрите кошаркари на светот.
На пауза се замина со 60-59 за Американците.
Во третата четвртина Германија играше како во транс и стекна неверојатни 12 поени предност (106-94). Предводени од Едвардс и Остин Ривс, САД се доближи на 108-107 во еден момент но Германија ја сочува концентрацијата и на крајот славеше 113-111 после неколку грешки на ривалот.
Најдобар играч кај Германците беше Андреас Обст со 24 поени и шест асистенции, а Едвардс кај САД уфрли 23 поени, осум скока и три асистенции.
Германија закажа големо, историско финале со Србија в недела од 14:40 часот.