Откако зборуваше за тоа какво е чувството на 17 години да се носиш со Иниеста, Бускетс, Иско, Давид Силва и другите големи ѕвезди на Шпанија, Елиф Елмас открива пикантерии и од денот кога му се приклучил на националниот тим во хотел пред дебито. Најмногу го зафркавале Џани и Нестор, а тој бил многу самоуверен и покрај името на противникот.