Канада ги совлада САД за бронза, Американците останаа со празни раце

Кошаркарите на Канада после продолженија ја совладаа селекцијата на САД 127:118 (34-25, 24:31, 33:26, 20:29, 16:7) и стигнаа до својот прв медал во историјата на светските првенства.

Мечот за трето место и бронзен медал меѓу САД и Канада испадна еден од најинтересните на Мундобаскетот и прв меч од сите на Светското кој се реши во продолженија.

Интересно, Канада имаше водство од 3 поени предност на 4 секунди пред крајот но по промашено слободно фрлање Бриџис ја фати топката и од тежок агол погоди тројка за израмнување и продолженија.

Канаѓаните претходно во полуфинале беа разбиени од Србија, а САД од Германија.

Денес Шеј Гилџес-Александер и Дилон Брукс ја одведоа Канада до својот прв медал во историјата на светските првенства.

Кошаркарот на Мемфис Гризлис, Брукс постигна 39 поени со шут за три 7/8 а Шеј Гилџес-Александер уфрли 31 поен. Ер Џеј Берет додаде 23 поени.

Кај САД Ентони Едвардс стандардно најдобар со 24 поени, додека Остин Ривс запиша 23, а Микал Бриџис 19 поени.

ЗАНИМЛИВОСТИ:

- Ова е прв медал на Светско првенство или Олимписки Игри за Канада после цели 86 години!
- Ова е втор триумф на Канада против САД во 23 меѓусебни средби
- 19 години САД не изгубиле дури 3 меча на Светско/Олмписки Игри
- САД не освојуваат медал две Светски по ред после цели 53 години
- САД примија 110 поени во три од последните четири меча на Светско, нешто што не се случило никогаш претходно во 162 натпревари
- 127 поени примени од Канада денес се најслабиот учинок на САД во историјата на Светските првенства.

10 септември 2023 - 12:56