ВО РУСИЈА ЛУЧАНО СЛАВЕШЕ ГОЛ НА -10 (2009-2014)
Вакви ноќи може да има и на 50 години, во градот каде Достоевски го тврдеше спротивното, односно дека слични ноќи, ѕвездени и прекрасни, ти се случуваат само кога си млад.
Спалети ја менува основата на романот и слави без кошула на терен покриен со снег, со бројаница околу вратот и влакна на градите.
Слета во Русија за да ја продолжи револуцијата преземена од Газпром во 2005-та. Една декемвриска вечер, нафтениот гигант го презема Зенит од Санкт Петербург, клуб со неколку трофеи во 80 годишната историја и го прави скапоцен камен.
Приказната меѓу Спалети и Зенит започнува со приватен лет до Ермитаж, во градот кој Италијанците го направила величествен меѓу палати, слики и прекари. Санкт Петербург е „Венеција на северот“, а Лучано се заљубува среде есен, кога зад хоризонтот се крие црвеникаво сонце.
На 1 октомври 2009-та, на денот на мечот Рома - ЦСКА Софија во Лига Европа, се завитка од глава до пети и замина во голема тајност во Русија, иако повеќе не беше тренер на Рома. Три месеци подоцна, на 14 јануари 2010-та, беше официјализиран како нов тренер на Зенит. Тоа е почеток на патување кое траеше речиси пет години и заврши со четири трофеи.
На почеток веднаш проблеми кои ги правел Игор Денисов, лут капитен, кој веќе 12 години удирал по клупите со боксови. Се карал со сите, вклучително и со Спалети, а во 2012-та бил исфрлен од тимот, бидејќи ги обвинил странците во Зенит дека заработуваат премногу пари. Во 2013-та заминува.
Првата година го освојува првенството, Купот и Супер Купот и во ноември славеше гол на -10. Во 2011-та му се раѓа ќерката Матилде, а во 2012-та ја освојува и втората шампионска титула. Во ЛШ стигнува до осминафинале каде е елиминиран од Бенфика.
Спалети се менува, станува поинаков, замислен, без духови и се лути од време на време, како во еден момент кога во судиското продолжение примил гол од Динамо Москва и поцрвенел од бес.
На прес конференција новинарите побарале од него да каже нешто на руски, а тој изговорил: Како си? Напад, одбрана и убава жена.
Во 2012-та нешто пукна. Управата потроши 70 милиони за Витсел и Хулк. Ова се златните години за рускиот фудбал. Во Махачкала, нестабилен град на Каспиското море, Анжи на Сулејман Керимов, милијардерот кој потроши милион евра за да го прослави својот 40-ти роденден со Шакира и Кристина Агилера на својата јахта, ги собра Ето, Жирков и Вилијан.
Зенит одговори, ама на тимот не му оди, без разлика што Спалети го донесе и Доменико Кришито. Го загуби Супер Купот и заврши втор зад ЦСКА Москва. Во ЛШ го победи Милан на Алегри на гости и заврши трет, а во Лига Европа испадна во осминафинале од Базел.
Односот со некои играчи пука, а најбесен е Хулк кој го критикува Лучано дека често го вади од игра.
„Ако ситуацијата не се реши, ќе си одам“, вели бразилскиот напаѓач, а Спалети одговара: „Може да каже што сака. Убавината е во тоа што претседателот ми прати порака да ми честита за измените“.
Сонцето заоѓа на 14 март 2014-та. Спалети е отпуштен после пораз од 3:0 од Динамо Москва, а на негово место доаѓа Андре Вилаш Боаш.
„Тука се роди ќерка ми, тука Федерико го најде својот свет, тука доживеав незаборавни радости. Санкт Петербург секогаш ќе биде мојот дом. Ден и ноќ“, рече на Спалети на заминување.
КАМ БЕК ВО РИМ, КОЈ ГРЕШИ ПЛАЌА
Враќањето на Спалети во Рома се случува на дожд, под големи сиви облаци кои носат вода и лоши предзнаци. Пристигнува на 15 јануари 2016-та со лет од Мајами, пречекан од стотина фанови. Носи црвено жолт шал и црна капа. Се насмевнува, се ракува и ветува битка.
Руди Гарсија, благиот Французин остана без клупата после елиминацијата од Специја во Купот на Италија. Џејмс Палота го замени со Спалети, кој во Европа му удри шамар на Реал.
Тимот повторно силен со Шчесни, Пјаниќ, Наинголан, Рудигер, Салах, Џеко, Мајкон, Манолас, Пероти, како и Тоти и Де Роси, само малку остарени. Спортскиот директор Валтер Сабатини, само што го виде Спалети го нарече гениј.
Двајцата секогаш имале добар однос, само што Лучано е станат малку сомнителен, мрачен и внимателен. Ако првиот пат во Рим го бакна сонцето, сега има на грб огромен тег. Збогувањето на Франческо Тоти со фудбалот.
Лучано ја наследи Рома елиминирани во Купот од Специја и ослабена во духот, но облаците веднаш се расчистија. По поразот од Јуве на крајот на јануари, стигна од осум победи во низа, со што се доближи до рекордот 10 од 10 во 2006-та.
На крај Рома заврши трета, а следната сезона втора на -4 од Јуве, со втор најдобар напад и втора најдобра одбрана. Но Спалети, за голем дел од навивачите е виновник за повлекувањето на Тоти. Имаа фантастичен однос после неговата повреда во 2006-та, кој потоа стана конфликтен за што зборува и самиот Тоти во автобиоиграфијата.
Еден од најдоверливите играчи на Спалети беше Миралем Пјаниќ, маѓепсан од неговите методи на работа и покрај тоа што поминаа само шест месеци заедно. Токму Пјаниќ е еден од играчите фатен од Лучано како игра карти пред гостувањето во Бергамо.
„Бевме јас, Тоти и Наинголан. Не беше 1 часот, туку 00 и 15. Она што секогаш го ценев е што не гледаше никој в лице. „Кој греши плаќа“, велеше Лучано“.
Втората римска авантура на Спалети заврши како започна, меѓу дожд и град, но без губење на љубовта. Сè друго е досадно.
ИНТЕР, ВЕРУВАЈТЕ МИ: ТОЈ Е ГЕНИЈ (2017-2019)
Валтер Сабатини потпиша со Сунинг и упорно ја предлага својата теза: Верувајте ми, Спалети е гениј. Сезоната за Интер беше катастрофална. Елиминација во групите во ЛЕ, седмо место во Серија А, сменети Де Бур, Веки и Пиоли. Им треба пресвртница.
„Скратете ми малку од платата и поделете им ја на моите соработници“, рече Спалети.
Барањето е неочекувано, но добредојдено за раководството. На негово барање му ги носат Валеро и Весино, но не и Лоботка кој останува во Селта Виго. Стартува одлично со 16 меча без пораз, на прва позиција.
Потоа почнува да паѓа, но ја остварува целта, а тоа е четврта позиција и враќање во ЛШ, благодарение на Весино кој направи пресврт против Лацио во Рим. Капитенот Икарди ја заврши сезоната со 29 гола.
Следната година Интер го менува ликот. Клубот го преземаат Џанг и Марота, а Икарди ја губи капитенската лента.
„Вадењето на капитенската лента е како да сте му ја скратиле едната нога“, искоментира неговата сопруга и агент, Ванда Нара.
Во јануари 2019-та, почнуваат преговорите за продолжувањето на договор, а Ванда пред шпанските медиуми изјавува дека се многу далеку од потпис. Таа продолжува медиумски да ги закача нероаѕурите, а тоа на Спалети не му се допаѓа. Интер испаѓа од групи во ЛШ, а трката за четврто место станува потешка од очекуваното.
На 11 февруари чашата се прелева. Ванда јавно кажа дека Интер треба да купи играчи, способни да му местат голови на нејзиниот сопруг, Интер го назначува за капитен Хандановиќ, а Икарди е навреден и не игра официјални натпревари 50 дена.
„Валканите алишта треба да се перат во семејството“ почара Марота, но во ера на социјални мрежи тоа станува невозможно. Брозовиќ става лајк на веста за отстранувањето на капитенската лента на Икарди, а Ванда почнува на Инстаграм да го следи Јувентус.
Спалети мора да испрати порака до соблекувалната и пред да замине на гостување против Каљари го затвора својот говор на прес:
„Мауро? Немам коментар. Зборувам само за оние кои се грижат за судбината на Интер“.
За да заврши во топ 4 потребно е чудо. Му успева. На 26 мај Интер се врати во ЛШ со победа над Емполи од 2:1. Ама тешка победа, резултат кој до 80-та изнесувал 1:1, по што Лучано го испрати својот Емполи во Серија Б.
РАБОТА НА НИВА ПА ПОВИК ОД МАЛДИНИ (2019-2021)
2:0 за Милан на полувреме, па 4:2 за Интер на крај. На 9 февруари Конте го победи Пиоли со пресврт и го доби градското дерби, со Шкринар и Брозовиќ, играчи на Спалети, кој мечот го гледа од дома. Неколку дена претходно, како гостин на еден настан, Лучано најави дека нема да оди на стадион.
„Имам работа на село“, рече пред камерите, а во реалноста тој би сакал да го доживее тоа дерби на клупата на Интер. Или на Милан.
Дека има работа на село е точно, многу точно. Неколку месеци претходно почина брат му Марчело, човекот кој се грижеше за семејните земјишта. За Лучано тоа е удар плус после отказот од Интер.
Гордоста му е ранета. Го врати тимот во ЛШ, го издржа земјотресот Икарди, му даде играчки идентитет на тимот кој доживеа бродолом на неизвесност. Сепак Интер му сврте грб.
Имотот на семејството Спалети се протега на приближно 50 хектари. Фармерот Лучано ги кастри растенијата и ги храни животните. Има коњи, свињи, магариња, кокошки, зајци, па дури и ноеви. Има и езерце со патки.
И покрај тоа, фудбалот сè уште е во центарот на неговиот живот. Во октомври 2019-та Малдини го отпушта Џампаоло и му се јавува на Спалети, но проблемот е што Спалети сè уште е под договор со Интер од кој зема плата.
Опцијата за да му го раскинат и со тоа да го ослободат да оди кај градскиот ривал не доаѓа предвид. Милан тоа го сфаќа и се врти кон Пиоли.
Кога не е зафатен со берба на грозје и возење со трактор, Спалети учи англиски јазик и размислува за Премиер лигата. Во мај 2021-ва пристигна вистинскиот повик и потпишува за Наполи на кој сонот му е Скудето. Двете години пауза му дојдоа добро.
ДВЕ ГОДИНИ КАКО НАПОЛИТАНЕЦ (2021-2023)
Две годишниот период на Спалети во Неапол е поделен на точно две половини. Првиот на истражување, набљудување и подготовка, вториот на успеси, насмевки и емоции. Лучано го остава семејството и мерцедесот во Милано и во Неапол вози Панда, која подоцна му ја украдоа.
Две години живее во хотел со поглед на заливот на градот, без ридови и егзотични животни. Де Лаурентис го закача, бидејќи посакува да го гледа повеќе како дел од наполитанското секојдневие.
Резултатите се убедливи. Го подобри рекордот на Бенитез од 5 победи по ред, а потоа и на Сари во однос на најдобриот старт во историјата на клубот. Првата сезона завршува трет и го враќа клубот во ЛШ.
Резултатот е задоволителен, но Де Лаурентис на лето прави револуција. Заминуваат Инсиње и Мертенс, доаѓаат Кулибали и Руиз од Челси и ПСЖ, како и останати засилувања.
По 33 години, титулата се враќа во Неапол. Лучано ја тетовира на рака за да може да ја гледа во секој момент кога ќе посака. Со 64 години и 58 дена станува најстар тренер кој го освоил Скудетото, прво во неговата долгогодишна кариера.
На последниот ден како Наполитанец, навивачите со качулки му го вратија воланот на украдената Панда со писмо.
„Ти ја украдовме Пандата и за 1.000 евра ја стопивме. Дури ти рековме да заминеш, но сега сме тука да ти се заблагодариме. Можеби разбра дека овој град не е како другите“.