Како Медо му одржа лекција на Карлос Алкараз

Најдобриот руски тенисер Данил Медведев буквално го растури Шпанецот Карлос Алкараз со 3-1 во сетови 7-6, 6-1, 3-6, 6-3, се пласираше во ново големо финале и не му дозволи на ривалот да ја брани круната освоена лани.

Медведев играше совршен тенис и се надева дека во финалето против Ѓоковиќ ќе ја повтори играта што ја имаше сега на овој турнир и онаа од пред две години кога токму против Новак во финалето победи и го освои УС Опен.

Во меѓусебните дуели Ѓоковиќ води 9-5 а на тврда подлога Новак има 8:4 против Медведев. Последниот меч го доби Медведев 6:4 6:4 на турнирот во Дубаи во полуфинале годинава.

По трет пат Србинот и Русинот ќе се сретнат во финале на „Гренд слем“. Новак славеше на Австралија Опен во 2021 а Медведев победи на споменатиот УС Опен кога го спречи Ѓоковиќ да освои календарски Слем.

 

9 септември 2023 - 10:38