Легендата Рамос одби милиони од Саудиска Арабија и плачеше на дочекот во Севиља

Легендарниот шпански стопер кој се прослави со Реал Мадрид после цели 18 години се врати во својот роден клуб Севиља. Го совладаа емоциите.

Серхио Рамос почнал со фудбал во академијата на Андалузијците на десет години а веќе на 19 пристигна на мадридскиот аеродром со цел да потпише со гигантот Реал. Поточно дошол на собир на репрезентацијата на Шпанија, а на половина час до крајот на преодниот рок Реал го капарисал.

Во „кралскиот клуб“ Рамос стана еден од најдобрите стопери и општо бекови во историјата на фудбалот.

Во тоа време Рамос беше сметан за предавник од навивачите на Севиља но по сето она што го направи во Реал и со репрезентацијата на Шпанија, сега се враќа во Севиља да му се заблагодари на својот клуб и да игра за многу помалку пари од она што му го нуделе во Саудиска Арабија и во САД.

„Моето срце ми бараше да се вратам дома. Имав долг пред Севиља. Сакав што е можно побрзо да се искупам“, изјавил Рамос во интервју за клупскиот сајт.

Рамос можел да остане и во ПСЖ или да оди во МЛС и Саудиска Арабија од каде му нуделе многу сериозни милиони. Но финансиите биле последно нешто што го интересирало летово.

Врвниот стопер беше претставен пред неколку илјади навивачи на „Рамон Санчез Писхуан“.

При излегување на теренот тој беше придружен од многу деца, а при топлиот прием не можеше да ги задржи солзите.

Откако одржа говор пред илјадници навивачи, кога ги слушна нивните скандирања Рамос не можел да ги задржи солзите:

7 септември 2023 - 09:31