На култниот стадион „Артур Еш“ Новак Ѓоковиќ се избори за јубилејно 10-то финале на УС Опен и против Данил Медведев кој го разби младиот Карос Алкараз ќе се бори за 24. Гренд Слем во кариерата.
Новак Ѓоковиќ синоќа после лош сервис на младиот Шелтон успеа да дојде до брејк и го доби првиот сет во само 34 минути.
После му се олеснаа работите на искусниот Ѓоковиќ (36) кој до крај го приведе мечот рутински. Шелтон (20) имаше дури 27 неизнудени грешки до крајот од вториот сет наспроти само 9 на српскиот тенисер.
После триумфот Ѓоковиќ го повтори потегот на Шелтон од полуфиналето:
As if we needed another reason to call Novak Djokovic a legend. #USOpen pic.twitter.com/wZ8nLcaPSF
— Kenny Ducey (@KennyDucey) September 8, 2023
Новак закажа 36-то Гренд Слем финале во кариерата а ривал ќе му биде Дани Медведев кој токму на УС Опен во дуел за трофејот пред три години изненадувачки му го зеде скалпот.
Медведев доцна синоќа со 3-1 го совлада Алкараз.
FINALS ❤️💪🏼💪🏼💪🏼 #USOpen pic.twitter.com/9jRZafzHMo
— Novak Djokovic (@DjokerNole) September 8, 2023