Offside

Најдобриот македонски голман им се приклучи на тренинзите на Валенсија од пред повеќе од две недели, а во меѓувреме бранеше и на пријателската средба против Стоук Сити која заврши 1-1. Кумановецот во разговор за шпански медиум раскажа за новата сезона и што ги чека во неа.

Ти да видиш во Полска четврта лига како глумат

Па овој се има надминато себе си и сите други кои се обидуваат да ја сквернават убавата фудбалска игра со непотребни театралности, во време кога се поставени камери во секој агол на стадион. Нереално е ова што го направи.

Махачев за само три минути го совлада Волкановски

Дагестанецот кој се бори под руско знаме Ислам Махачев е победник на најатрактивната борба во склоп на УФЦ 294 во Абу Даби откако после само 180 секунди го реши Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски.

Пусти Ерик

Видеото се гледа до крај за да сфатите за кој Ерик станува збор.

После 19 сезони и 4 шампионски титули, Игудала се повлекува од кошарката

Четирикратниот НБА шампион Андре Игудала ја заврши професионалната играчка кариера. Тој важеше за човек-титула односно играч за кого јавноста веруваше дека како адут од клупата го пресудува секое голем финале.

Секој голман башка будала

Ако мислевте дека оној аргентинскиот голман Емилијано Мартинез што правеше будалаштини на Светско првенство 2022 е дилајла, чекај да го видите неговиот двојник. Исто Аргентинец, има 37 години, се вика Нуел Гузман и брани во мексиканската Лига МХ за тимот Тигрес УАНЛ.

Како Буфон ги мотивира Италијанците

Во групата Ц од квалификациите за Европско првенство 2024, Македонија до крајот ја очекуваат најтешките дуели: со Италија на гости во Рим и со Англија во Скопје. Нашите веќе скоро и да немаат шанси за пласман, а за второто место ќе се борат Украина и Италија. Аѕурите ја пречекуваат Македонија а после ќе играат со Украинците во Прага во последното коло кога ќе се одлучува кој е патник заедно со Англија.

Спомени од играчката кариера на Тен Хаг

Пеесет и три годишниот тренер на Манчестер Јунајтед, во кариерата како фудбалер играл само во Холандија и тоа за Твенте, Де Графшап, РКЦ Валвајк и Утрехт. Му се памети едно додавање на гости кај Феенорд, а Холанѓаните велат дека бил подобар тренер отколку играч.

Надал стварно да ти бил фудбалски мајстор

На едно постаро видео најдобриот шпански тенисер во историјата покажа раскошен талент за фудбал. Сега излезе и најново видео на кое пред еден тренинг, Рафа со тениско топче жонглира како врвен мајстор.

Мбапе се изнасмеа на еден гол на татко му

На еден хуманитарен натпревар во Франција се појавиле многу поранешни ѕвезди меѓу кои и Еден Азар кој штотуку ја заврши кариерата во Реал Мадрид. Тимот на Азар победил 6:0 (за некое чудо убедливо зошто овие натпревари обично завршуваат нерешено). Хит бил и татко му на Мбапе, Вилфред Мбапе кој постигнал гол на асистенција на Азар.

Сега викаат дека и Макс Алегри се кладел, излезе и видео

Меѓу италијанските таканаречени новинари-инсајдери има пар генијални, ама има и пар што се занимаваат со рекла-казала муабети. Еден од вторите е и Фабрицио Корона кој објави видео на кое се гледа како тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри се коцкал, а тврдат и дека се кладел на фудбал во Монте Карло.

Јака најава за мегданот Махачев - Волкановски

Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски утре вечер (сабота) во Абу Даби ќе има реванш со Русинот Ислам Махачев. Нивната борба ќе биде главна на настанот УФЦ 294. Махачев го доби првиот дуел по судиска одлука во февруари годинава, иако делуваше дека Волкановски иако доаѓа од сосема друга категорија, беше и повеќе од рамноправен противник.

Бекам за тежината во душата на последниот меч во кариерата

„Почнав да се чувствувам поразлично. По натпревари се будев како тепан. Наутро се тркалав во кревет од што чувствував болки. Бев возбуден откако решив дека тука е крајот. Кога требаше да излезам од игра, наеднаш не можев да дишам и да ги контролирам емоциите“.

Коментар на место за Пикси, човекот кој го врати култот во репрезентација

Ја следите ли Фејсбук страницата „Istorija ex yu fudbala“? Се работи за најдобриот и најбогат колаж на ретро слики од нашиве фудбалски простори, каде понекогаш може да се прочитаат и објективни мислења, докажани со факти. Последниот се однесува на селекторот на Србија за кој постојат поделени мислења во српската јавност.

За табуретка за Биелса и до Уругвај ако треба

Навивачите на англиски Лидс Јунајтед уште се поврзани со убавиот период од времето кога аргентинскиот легендарен стручњак Марсело Биелса го водеше клубот во од 2018-та до 2022-ра. Тогаш и македонскиот репрезентативец Џани Алиоски беше дел од таа симпатична банда.

Чаби Алонсо уште го има шмекерскиот пас

Некогашниот шпански репрезентативец и ѕвезда на големите Реал Мадрид, Ливерпул и Баерн Минхен, Чаби Алонсо веќе втора сезона со голем успех го води Баер Леверкузен како тренер. Многумина во него гледаат наследник на Анчелоти во Реал Мадрид а Чаби на тренинг потсетува каков пас има.

Промотивно видео од Скопски маратон 2023

19 годишна традиција, 11.000 учесници. Виз Ер Скопски маратон скоцка одлично видео од последното издание на кое доминираа Кенијците, а нашиот Дарио Ивановски заврши трет, со што урна државен рекорд од 2000 година.

Дојди земи ја ако можеш, има кариерата да ти ја завршам

Калебе од бразилскиот тим Форталеза го има потегот на денот, неделата и месецот. Го исфрли својот чувар од игра, ама буквално. Многу мангупски го суреди.

Специјална торта за Роналдо на тренингот на Ал Наср

И покрај тоа што годината не е завршена и бројките може уште да растат, фудбалерите на Ал Наср го изненадија Роналдо со торта на која стои неговата голгетерска статистика за 2023-та, а тоа се 40 голови на сите натпреварувања за клуб и репрезентација. Плус 203 меча и 127 гола за Португалија.

Најлудиот пресврт на Фиорентина против Јувентус

20 октомври извади јако парче видео од Серија А од пред точно 10 години. Моќниот Јуве кој таа сезона го освои второто од низата на 9 Скудета, води 0:2 на Артемио Франки со головите на Тевез и Погба. Во второ полувреме им се случува чудесен блекаут и за 24 минути примаат 4 комада. Хет-трик за Џузепе Роси и триумф на Фиорентина против Јувентус дома после 5.425 дена или 15 години. Каков меч.

Што добиваш за карта во ВИП ложа за Лига на шампиони на „Маракана“?

Црвена Звезда игра во Лига на шампиони во група со Манчестер Сити, Ред Бул Лајпциг и Јанг Бојс. Досега белградскиот тим одигра два меча и има 1 бод после поразот од Сити (3:1) и ремито со Јанг Бојс (2:2). Еве што се нуди за 390 евра во ВИП ложата на култниот стадион „Рајко Митиќ“ во Белград.

Листата на повреди на Нејмар во изминативе шест сезони

10 повреди, 103 пропуштени натпревари, преку 400 дена надвор од терените. Сето ова од февруари 2018-та до денес.

Прекрасен фер-плеј од Португалија кој ФИФА треба да го награди

На натпревар од петта португалска лига меѓу Униао Монтемор и Алкаковенсе, последен играч во одбрана најверојатно добива грч на ногата и е принуден да легне на тревникот. Напаѓачот кој му ја брка топката коректно застанува и не шутира во голот. Награден е за ова со бел картон кој во Португалија се дава за фер-плеј потег и кој веќе еднаш судијка го покажала на женски фудбалски натпревар Спортинг Лисабон - Бенфика.

Мо Салах: „Огнот мора да запре!“

Најдобриот египетски фудбалер на сите времиња, Мохамед Салах преку својот профил на мрежата Х повика на итен прекин на огнот и отворање коридори за достава на хуманитарна помош за загрозеното население во Газа.

Комити распалија со бакљи, подмладокот на Вардар се врати дома

Најверните навивачи на Вардар од петни жили се борат за своето чедо. Им многу тешко, ама резултатите кои ги остваруваат се видливи. Децата на Вардар ги вратија во своето катче.