Повеќекратниот шампион Стив Кер, тренер на Голден Стејт открил дека тој и целиот стручен штаб пивнале по една чашка ракија во чест на починатиот Дејан Милојевиќ.
„Вечерва беше сè емотивно и во обид да се преброди ситуацијата. Веројатно ова не би требало да го кажам но сите тренери се напија по чашка нешто што се вика ракија, пред мечот српска ракија. Сите пивнавме чашка во чест на Деки и победивме, така што можеби ќе продолжиме тоа да го правиме пред секој меч“, рекол Кер.
Steve Kerr says the whole coaching staff took a shot of Serbian liquor for Deki before tonight's game 🥃 pic.twitter.com/jsTW13tyGw
— Warriors on NBCS (@NBCSWarriors) January 25, 2024
Секој играч на Голден Стејт облече дрес со презимето Милојевиќ на грбот за време на загревањето а на дресот стоеше и натпис БРАТЕ како што Дејан ги нарекувал играчите и колегите од стручниот штаб.
Warriors players honored Dejan Milojević with jerseys bearing his surname during pregame.
— Golden State Warriors (@warriors) January 25, 2024
The jerseys were then placed on Deki's usual seat on the bench. pic.twitter.com/jztsCexVjF
Bigger than basketball. pic.twitter.com/Xx4VBPo8ui
— Golden State Warriors (@warriors) January 25, 2024
Forever a part of #DubNation pic.twitter.com/o6RgvPVVks
— Golden State Warriors (@warriors) January 25, 2024
Forever with us, Deki. pic.twitter.com/TexNfiUEMc
— Golden State Warriors (@warriors) January 25, 2024
"I will forever remember (Deki) for the joy he brought to this team, to this city." - Klay pic.twitter.com/2Dshegaoiv
— Golden State Warriors (@warriors) January 25, 2024
"(Dejan) was somebody that loved to teach. He loved to spread his knowledge and his love." - Kevon pic.twitter.com/P1c75pQTbu
— Golden State Warriors (@warriors) January 25, 2024
Се интонирала и српската химна „Боже правде“ во чест на Дејан.
— Mariel (@malasirena111) January 25, 2024
In honor of Dejan Milojević, the Serbian National Anthem was played before tonight’s @warriors game. pic.twitter.com/ZjVNAfrgKV
— Chase Center (@ChaseCenter) January 25, 2024
На голем видео бим во салата се прикажувале фотографии од животот и кариерата на Милојевиќ а полната арена скандирала „Деки“.
Во салата биле присутни и сопругата на Дејан, Наташа која држела букет цвеќе и нивните деца Маша и Никола кои добиле емотивни овации од публиката на барање на тренерот Стив Кер.
„Насмевката заврши... Деки секогаш се смееше. Беше многу емотивно да се излезе на паркет без Деки. Се е се уште многу свежо и болно, нереално на многу начини. Неколку дена трениравме но за ова не може да се спремате. Се држевме заедно, се трудевме да победиме во чест на нашиот брат“, изјави Кер после мечот.
Голден Стејт Вориорс ја победи Атланта Хокс 134:112 а во тимот на гостите беа сонародникот на Милојевиќ и негов добар пријател, Богдан Богдановиќ како и помошникот тренер Игор Кокошков кој едно време заедно со Милојевиќ ја водеа репрезентацијата на Србија.
Brate 💙 Thinking about you, @warriors. #MFFL pic.twitter.com/lBeTyQjNib
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) January 25, 2024
На крајот Голден Стејт Вориорс кој паузираше осум дена од последниот меч, ја победи Атланта 134:112.
Стефон Кари и Џонатан Каминга беа најефикасни со по 25 поени. Лидерот на воините имал и 8 асистенции а Каминга забележал 9 скока. Клеј Томпсон запиша 24 поени а повратникот после долгата суспензија Драјмонд Грин додал 12 поени со пет скока, три асистенции, две украдени топки и една блокада.
Хрватскиот репрезентативец Дарио Шариќ уфрли 10 поени (4/6 од игра) со три скока и асистенции.
Кај Атланта Хокс Дежонте Мареј постигнал 23 поени со седум скока и седум асистенции, Џејлен Џонсон броел до 21 поен со 9 скока и 6 асистенции, Садик Беј имал 18 поени со седум скока, Богдан Богдановиќ 17 поени со 3 асистенции, Пети Милс 13 поени а Клинт Капела 11 поени и 11 скока.