Во Африканскиот Куп на нации владетел е Египет со 7 трофеи, па Камерун со 5, Гана со 4, Нигерија со 3, но сте слушнале ли вие за Мауританиа, земја со 4,3 милиони жители која се наоѓа во северозападниот дел на Африка?
На 34-то издание на Африканскиот Куп на нации кое се одржува во Брегот на Слоновата Коска се појавуваат за трет пат во историјата. На првите две појавувања во 2019 и 2021 не победиле ниту еднаш, а со порази од Ангола и Буркина Фасо стартуваа и во ова издание.
Во третото коло, Мауританиа извади сензационален резултат и со првата победа во историјата на ова континентално натпреварување се избори за осминафинале. Го урна фаворитот Алжир на Ријад Марез, кој е двократен првак.
Јунак на мечот е Мохамед Јали кој голот вреден историја го постигна во 37-ма минута. Играчите на крај беа во лудило, а асистентот на селекторот пресреќен гушкаше едно од децата кое собира топки. Големата победа се славеше и на улиците во оваа анонимна фудбалска земја.
Во осминафинале се среќаваат со Зеленортските острови.
Surely a night to remember for Al-Murabitun. 🇲🇷🥳🕺#TotalEnergiesAFCON2023 | @ffrim pic.twitter.com/Jf1PpVPJP6
— CAF (@CAF_Online) January 23, 2024
𝐇𝐈𝐒𝐓𝐎𝐑𝐘 𝐖𝐑𝐈𝐓𝐓𝐄𝐍 ✍️
— CAF (@CAF_Online) January 23, 2024
This group of players record Al-Murabitun's first ever TotalEnergies AFCON win. 🇲🇷🤩#TotalEnergiesAFCON2023 | @ffrim pic.twitter.com/wvc9G5tU33
Two-time AFCON champions Algeria are eliminated in the group stage.
— B/R Football (@brfootball) January 23, 2024
They finished last in their group after losing 1-0 to Mauritania, who had never won an AFCON game before 🫠 pic.twitter.com/MeQS89mEE0
Mauritania fans celebrating after beating Algeria 1-0 to qualify for the Round of 16 at the AFCON for the first time ever.
— Africa Facts Zone (@AfricaFactsZone) January 24, 2024
This is Mauritania's first ever win at the AFCON. pic.twitter.com/wPCtf1qSl0