Offside

UFC Fight Night настанот кој се одржа во белградска Арена постави два нови рекорди во историјата на најголемата светска ММА организација кои досега не се забележени ниту на еден УФЦ настан.
 

Малиот Бразилец што го викаат нов Меси

Малиот се вика Флора и тренира во младинските категории на бразилски Коринтијанс. Играл за У-8, У-9 и сега за селекцијата до 10 години на славниот клуб. Малиот е чудесен бисер. Дијамант.

Со Вујо никогаш не е досадно

Легендарниот црногорски стратег, кој во три наврати го водеше Вардар и еднаш Македонија, со нова релаксирана изјава во пресрет на Нексе во топ 8 фазата од Лига Европа.

Некој разменува дресови, некој столици

За време на едно мини дерби во аргентискиот Куп меѓу Годој Круз и Сан Мартин, во 21-ва минута од првиот дел навивачите на двата тима се гаѓале со столици. Прекинот траел 15 минути додека не се смириле. Мечот завршил 0:0 во регуларен дел а домаќинот славел 4:3 на пенали.

Најславната одбрана на Аргентина нацртана со луѓе

Ремек делото на Емилиано Мартинез во 123 минута против Франција, кое важи за антологиски момент за аргентинскиот фудбал, спас на проклетството на нивната света репрезентација и круна на кариерата на Меси, го изрежираа околу 1.000 деца на генијален начин. Изгледа совршено од птичја перспектива.

Версај не видел вакви ножички

Во 26. коло од француската трета лига Насионал, Версај и Ниор ремизирале 1-1. Гостите повеле на истек на првиот дел, а домаќините стигнале до бод со страшниот еврогол на 20-годишниот Жордан Мендез Кореја во 90+3’ минута пред самиот крај на мечот.

Ја изделка таблата а?

Најмногу сеир во маало на баскет имаше кога некој ќе направи бунар или ќе ја изделка таблата. Тоа знае да се случи и во АБА лигата, а му успеа на Стефан Лазаревиќ од Црвена Ѕвезда на мечот против Мега Лекс. Клештење е на Твитер. „Ugojila se tabla“, стои во еден од коментарите.

Дончиќ направи дар-мар со нов трипл-дабл па даде прогноза за Ф4

Далас Маверикс славеше на тешкото гостување кај Јута Џез 115:105 во „Делта центар“ а тандемот Дончиќ-Ирвинг одигра маестрална партија.

Милина на колото

Њујорк Ред Булс го растури тимот на Меси Интер Мајами со 4-0 во претходното коло од МЛС лигата. Лионел не играше, ама играа и Суарез и Бускетц и Жорди Алба. Но друг ни беше муабетот. Домашните фудбалери направиле убав гест на студеното време и силен дожд пред мечот.

Кам бек на Јокиќ со нова моќна партија и серија на атракции

И покрај тоа што се најавуваше дека ќе го нема на уште една средба поради ситна повреда, сепак Никола Јокиќ го пропушти само мечот против Портланд и се врати за битката против Мемфис. Само 2 асистенции му фалеа за нов трипл дабл, но и без тоа режираше нова компилација на јаки потези.

Винисиус се расплака на прес, Чилаверт: „Не биди педер, прв се закачаш“

Во пресрет на пријателската меѓу Шпанија и Бразил вечерва од 21:30 на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, пред новинарите синоќа излегол Винисиус. Новинар го прашал за расистичките навреди кои го следат по шпанските стадиони а Бразилецот заплакал.

Стара, ама добра финта од индирект

На пријателска средба, Гвинеја, која е 76-та на рангот на ФИФА, на 8 позиции под нас, ја совлада Бермуда со 5:1, која котира како 171-ва фудбалска земја во светот. При резултат 4:1 си дозволија да експериментираат откако добија индиректен слободен удар. Голманот споменик.

Милевски: Ако Македонија изгледа вака и во иднина, јас ќе бидам среќен

По ремито против Молдавија (1:1), македонската фудбалска репрезентација загуби од Црна Гора со 1:0 на вториот пријателски дуел во Анталија. Селекторот е задоволен и вели дека сме доминирале во сите сегменти.

Пет страшни ремек дела на Антонио Касано

Во 18 години кариера има 140 гола и 4 трофеи, а можеше многу повеќе, ама му фалеше малку повеќе памет. Блескаше во Рома и Сампдорија, но не го одигра своето во Реал, Милан и Интер. Многу беше јак додека играше во форма и на моменти незадржлив. Компилацијава е куса, ама ептен моќна.

Топ 3 тазе врвни потези на Јокиќ

Денвер Нагетс го доби Портланд без Никола Јокиќ кој поради повреда веројатно ќе го пропушти и мечот со Мемфис. Тоа не значи дека нема што да се гледа од него. Од неговите нестварни решенија во напад на последниот дуел против Њујорк, некој се сетил да направи супер атрактивен клип со соодветно музиче.

Браво мали, така се станува голем играч

Иан Плаету е најголем хит во кошаркарска Шпанија. На дербито меѓу двата најголеми клуба од Каталонија во шпанска АЦБ лига меѓу Хувентуд Бадалона и Барселона, гостите воделе убедливо па во финишот, па домашниот тренер решил да направи интересна замена. Од клупа влегол 16-годишниот Иан Платеу кој истрчал една минута а за тоа време одиграл неверојатна одбрана над Вили Ернангомез, лидерот на Барселона кој до скоро играше во НБА.

Нова третолигашка лакрдија, овој пат со закани по живот за кумановци

„На самото пристигнување на стадионот во Синѓелиќ луѓето кои требаа да обезбедат ред на стадионот, значи редари облечени во зелени панцири почнаа да се закануваат на нашите фудбалери дека живи нема да излеземе од стадионот. Пред стартот на натпреварот еден наш фудбалер е удрен со тупаница од домашниот фудбалер во пределот на лицето“.

Кошаркар на Партизан требаше да наброи три држави кои би ги посетил и се избламира

Ален Смаилагиќ од Партизан или имал Географија кец или го пукна трема, па не се ни поправи што кажа.

Какво голчиште падна на мечот САД - Мексико

Фудбалската репрезентација на САД ја освои КОНКАКАФ Лигата на нации откако во големото финале играно во Арлингтон, со 2-0 го победија големиот ривал Мексико. Тајлер Адамс го отвори резултатот со неверојатен гол во 45’ минута а Џовани Рејна во 63’ минута ги постави конечните 2-0. САД има серија од 7 победи против Мексико а Мексиканците не дале гол против нив повеќе од 420 минути односно 5 натпревари по ред.

Спартак Москва го прими 15-годишниот Ислам кој спасил 100 луѓе во терористичкиот напад

Русија сè уште е во голем шок по страшниот терористички напад во трговскиот центар „Крокус Сити Хол“ во Москва во кој загинаа најмалку 130 лице, претежно млади луѓе кои биле во концертна сала. За трагедијата да не биде уште пострашна помогнало младо 15-годишно момче кое спасило стотици луѓе.

Невообичаен кошаркарски габарит здроби под кош и запиша историски пресврт

Дуото Јокиќ-Дончиќ е мега актуелна балканска приказна во НБА и поим за доминација, но пазете ја вие оваа женска кошаркарска атракција која ги наполни насловните страници во САД.

Волшебни акции на Австрија и Германија - рекордни голови за само 6 и 7 секунди

Изминативе денови се одиграа неколку силни пријателски дерби средби. Во Париз Германците ја совладаа Франција 0-2, а во Лондон Бразил беше подобар од Англија 0-1. Австријците и Германците постигнаа голови кои влегуваат на листата најбрзи на сите времиња.

Два атрактивни гола на Италија против Еквадор

По триумфот над Венецуела од 2:1, Италија успешно ја заокружи јужноамериканската турнеја со победа над Еквадор од 2:0. Лоренцо Пелегрини го отвори мечот по само 3 минути игра со бомбастичен проектил, а во 94-та минута печат на мечот стави Барела со убав лоб после одличната асистенција на Орсолини. 

На мајстор Единсон Кавани не би му дале 37 години

Се растури од голови давање за ПСЖ, претходно и за Наполи, двете екипи во кои остави најголем белег во кариерата. На мечот против Централ Норте, кој Бока Јуниорс го доби со 3:0 ја изведе една од најјаките атракции во кариерата. Постигна два комада и има вкупно 6 гола на последните 5 меча. Играчиште.

„Standing ovation“ за Свен Горан Ериксон на Енфилд, Ливерпул му го исполни сонот

На славниот шведски стратег кој се бори со една од најтешките болести, му се оствари детскиот сон да го води Ливерпул барем на еден ден.