Орсато отсвири крај

Најдобриот италијански судија во последниве неколку години, се прости од активното судење на мечот Аталанта - Фиорентина. Играчите и тренерите му направија шпалир, доби подароци, а изрази голема благодарност до сите посебно до семејството. Четириесет и осум годишниот Орсато добил на подарок дресови од двата тима со бројот 290, број на отсвирени натпревари во Серија А.

Даниеле Орсато со години судеше во Лига на шампиони, Европски и Светски првенства:

„Еден од најдобрите судии во историјата завршува со активното судење“, рекол директорот на Фиорентина Даниеле Праде а убави зборови му упатил и тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини кој неодамна ја освои Лига Европа.

„Заслужено е се ова што му е приредено. Не знам дали е баш чесно судиите да ја завршуваат кариерата врз основа на годините, но мислам дека и други критериуми треба да се земат предвид. На Орсато мора да му се честита и верувам дека неговата кариера ќе послужи како пример на младите судии. Тој и понатаму може многу да пружи“.

Последен европски меч кој Орсато го арбитрираше беше полуфинале на Лига на шампиони меѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ. Од 2010-та години носеше значка на ФИФА. Најголем успех му е сјајно суденото финале на Лига на шампиони меѓу Баерн Минхен и ПСЖ. 

3 јуни 2024 - 11:28