Задар ја одбрани шампионската титула во хрватскиот кошаркарски шампионат откако во мајсторката го совлада Сплит со 3-2. Ова им е 11-та титула во историјата, петта од осамостојувањето. Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ им покажа на Хрватите како се слави.