Милевски: Не сум задоволен од тактичката дисциплина и физичката подготвеност

По поразот на Македонија од Хрватска со 3:0, селекторот Боби Милевски изрази незадоволство од дел од играчите и ја потенцираше нивната слаба минутажата во клубовите која се надева дека ќе ја решат.

„Хрватска покажа дека во моментов е далеку подобра репрезнтација од нас, иако ние имавме едно 3-4 одлични моменти во прво полувреме. Ако против ваква екипа не се реализира следува казна. Како и да е, одиме понатаму, имаме време до септември да ги остраниме аномалиите што ни се појавуваат во играта.

Пред сè, се надевам дека оние играчи кои имаат проблеми со минутажата, ќе ги решат своите клупски проблеми и ќе бидат многу поконкрентни и во репрезентацијата. На моменти не сум задоволен од тактичката дисциплина и во поголемиот дел од натпреварот од физичката подготвеност на дел од играчите, но тоа е резултат на проблемите што ги носат од своите клубови“, изјави Милевски

Сторито на Рики после поразот на Македонија од Хрватска

4 јуни 2024 - 09:29