Шампионски спектакл во Градски парк: „Хајнекен“ нè спои во незаборавно #ФиналеЗаСитеНавивачи!

Еуфоријата и спектакуларната навивачка атмосфера од легендарниот „Вембли“ во
саботата се пренесе во срцето на Скопје благодарение на „Хајнекен“, кој ги собра сите
вистински вљубеници во фудбалот и им овозможи незаборавно
#ФиналеЗаСитеНавивачи

Светски познатото пивско име „Хајнекен“, кој е и горд спонзор на најелитното клупско натпреварување, во саботата го претвори Градскиот парк во Скопје во голема навивачка трибина, со специјални навивачки корнери, феноменални фудбалски доживувања и содржини што никого не оставија рамнодушен и уште еднаш покажа зошто е вистински шампион меѓу пивата.

Настанот почна со „гејмерско“ финале пред финалето, во кое екипите избрани прекусоцијалните медиуми го покажаа своето фудбалско знаење на огромен екран и го почнаа загревањето на публиката со своите виртуелни фудбалски мајстории.

Веднаш потоа атмосферата ја запали настапот на Битолскиот камерен оркестар, кој во полн состав ги изведуваше најголемите хитови од последниве пет децении со што ги размрда присутните навивачи, а круна на нивниот настап беше изведбата на химната од Лигата на Шампионите, која ги најави следните возбудувања и го крена навивачкиот адреналин на највисоко можно ниво.

И токму химната ја најави кулминацијата на вечерта и моментот што сите го чекаа – големото финале! Посветени, гласни, страсни, суеверни и верни навивачи уживаа во фудбалската магија на 551-инчен екран и од сите страни го бодреа својот клуб, при што посебно се истакнаа навивачите од Peña Madridista Macedonia – Реал Мадрид Македонија, кои ја наполнија „кралската“ трибина до последно место и покажаа зошто повторно се најдоа на врвот на Европа со својот рекорден, 15. триумф во финалињата од Лигата на шампионите.

За крај на вечерта, „милионерите“ од Борусија се тешеа, а „мадридистите“ славеа со музичкиот избор на диџеј Иван Димитријев, со чијшто микс ја затворивме оваа незаборавна шампионска вечер и создадовме неверојатни навивачки искуства за #СитеВистинскиПосветениНавивачи!

Комерцијален текст

3 јуни 2024 - 13:48