Мурињо лудо пречекан во Истанбул - почнува шоуто

Илјадници навивачи на Фенербахче дошле на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул да го поздрават новиот тренер - легендарниот Португалец Жозе Мурињ.

Човекот кој важи за еден од најтрофејните тренери во историјата на фудбалот, досега во кариерата ги водеше Порто, Интер, Реал Мадрид, Челси, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Рома. Освои Лига на шампиони (Порто, Интер), Лига Европа (Манчестер Јунајтед) и Лига Конференции (Рома).

„Сакам да ви се заблагодарам на љубовта која што ја чувствував уште од првиот момент кога моето име првпат беше поврзано со Фенербахче. Обично тренерот се засакува после победи, но во овој случај чувствувам дека сум сакан и пред победите. Тоа е голема одговорност. Од овој момент му припаѓам на семејството Фенербахче. Сакам да работам во турскиот фудбал. Сакам да ја помогнам турската лига. Но за мене главен е Фенербахче. Од моментот кога потпишав договор, вашите мечти сега се и мои мечти“, рекол Жозе.“, рекол Мурињо.

Мурињо набрзо го очекуваат првите предизвици со Фенербахче со кој ќе игра во второто коло од квалификациите за Лига на шампиони (против швајцарски Лугано или српски Партизан). 

Мурињо на клупата го наследува тренерот Исмаил Картал кој во штотуку завршената сезона освои 99 бода со Фенербахче и постигна 99 гола со само еден пораз но на крајот остана втор зад лидерот Галатасарај.

Фенербахче чека на титулата во Турција цели десет години.

3 јуни 2024 - 09:48