Како Делиите го пецнаа Жељко Обрадовиќ?

Како по примерот на Жозе Мурињо кога во еден момент не можеше да му најде чаре на Маурицио Сари со Лацио па се фрустрираше, така и најтрофејниот европски тренер Жељко Обрадовиќ потпадна под притисокот што го носи белградското вечно дерби. Црвена Звезда има учинок од 7 победи на последните 7 меча против Партизан. Победуваа црвено-белите и во Евролига и во Куп на Србија и во Јадранска АБА лига и во домашно првенство.

После секој пораз, Жељко Обрадовиќ на прес-конференцијата доаѓаше лут и фрустрирано одговараше на новинарски прашања. Еднаш изјави и за тоа каква е ситуацијата меѓу двата клуба покажува завршната табела во Евролига каде Партизан заврши 11-ти а Црвена Звезда 16-та.

Делиите го искористија тој момент да го пецнат Жељко па со пригодната песна We Are The Champions му направија подиум за 11-то, 12-то и 13-то место.

Во синоќешното дерби Звезда во драматична завршница славеше 89-88 а Партизан имаше шут за победа но Зак Ледеј промаши. Сега во борбата за титулата во Србија Партизан ќе биде домаќин на следниот меч во среда од 20:00 часот.

4 јуни 2024 - 09:20