Како изгледаше шампионската вечер во Битола?

Со триумф 32-28 над Алкалоид во последното коло, Пелистер пред своја публика ја освои 8. шампионска титула во својата клупска историја. Бодрени од полна сала „Чкембари“, Пелистерци одиграа онолку колку што требаше за победа и печат на шампионската титула која се славела долго во ноќта во Битола.

Standings provided by Sofascore

Во триумфот за втора титула во низа најефикасни кај Пелистер беа Радивовејиќ и Манасков со по шест гола, капитенот Кузмановски кој е инаку роден во Битола и за кого оваа титула е посебно драга, постигна пет гола. Кај гостите од Алкалоид браќата Митеви погодија по шест пати.

Вардар во исто време го совлада Бутел на гости 25:31 но овој триумф на „црвено-црните“ беше залуден поради победата на Пелистер. Во случај Алкалоид да направеше изненадување во Битола, Вардар ќе беше првак.

3 јуни 2024 - 12:37