Offside

UFC Fight Night настанот кој се одржа во белградска Арена постави два нови рекорди во историјата на најголемата светска ММА организација кои досега не се забележени ниту на еден УФЦ настан.
 

Одбрана на векот и тоа без раце

Кога калта е главен сојузник на голманот, а селскиот фудбал има посебен шмек. Го прочита, нема што.

Босански тајм аут кој требал да оди без звук

Јосип Панџа е релативно млад тренер од БиХ, генерација 87-ма, а го води хрватскиот кошаркарски клуб Шибенка кој загуби во АБА 2 од Сутјеска. Не им добро, имаат 1 победа и 11 порази. Мислевме дека Жељко и Вујо се најмногу по пцуењето.

Приказни и сведоштва на Зоран Михајлов, кој известувал од импозантни 15 Олимпијади и 15 СП во атлетика

Ако епското патешествие на нашата коментаторска легенда од Скопје до Хелсинки со фиќо е расказ кој заслужува документарец, тогаш уште минимум еден дел заслужува она што ќе го чуете во продолжение. Нема секој новинар можност и привилегија да раскажува за дружби, пријателства, соработки или средби со имиња како Стјепан Бобек, Вишњевац, Аце Русевски, Болт, Лазо Лечиќ, Миљан Миљаниќ, Буштур.

Во НБА три години немало толку забивања на еден меч

Далас Маверикс со 113:97 ја совлада Јута Џез и одржа чекор во трката за плејоф пласман. Мавси ги водеше нивниот лидер Лука Дончиќ со 34 поени, девет скока и осум асистенции а одличен беше и Даниел Гафорд со 24 поени, седум скока и пет асистенции. На овој натпревар за првпат после три години во НБА имаше 18 забивања. Од 2021-ва на еден дуел немало толку „куцања“.

Англија во војна со Најк, го брани националниот симбол пред Европско

Репрезентациите учеснички на Европското првенство 2024 полека ги објавуваат своите нови гарнитури во кои ќе настапат на најголемиот фудбалски турнир летово. Како и секогаш, има многу примедби. Овојпат оправдани.

Амбиентот на Партизан - Реал Мадрид

Европскиот шампион Реал Мадрид уште еднаш ја потврди својата класа откако синоќа во Белград ја запиша 24. победа во Евролигата. „Кралевите“ славеа 76:88 против Партизан и го потврдија и теоретски првото место на табелата. Црно-белите ги чека жустра борба за место кое води во плеј-ин разигрувањето.

Словенија е на нозе за последниот лет на легендата

Еден од најтрофејните словенечки спортисти викендов ќе стави крај на својата богата кариера. Патот кој го изоде му донесе дури 12 медали од најголемите натпреварувања и стана првиот човек на свет кој скокнал дури 250 рекордни метри.

300.000 кондоми за олимпијците во Париз

Како и за многу претходни, така и за претстојните Летни Олимписки Игри 2024 во Париз, организаторите решиле да спремат и поделат околу 300.000 презервативи за учесниците кои ќе бидат сместени во олимпиското село.

Печен е да води трибина а?

Ќе речеш дете е, уште во кревет моча, ама гледајте го кај се качил, на каде е свртен и што работи за време на натпревар. Уште од мал ги има гестикулациите.

Озил се направил бик во теретана

Некогашниот светски шампион со Германија и голема ѕвезда на Арсенал и Реал Мадрид Месут Озил на 35 години решил тотално да се посвети на своето тело. Тој ниту во најдобрите играчки денови немал такви тренинг навики како сега, па веќе се гледале резултатите од напорните вежби.

Бомбата на Руни од 50 метри, кога Бекам се смешкаше на трибини

Кога човек ќе се присети на некое голчиште на Вејн Руни, прво на памет му доаѓаат оние антологиски ножички на градското дерби против Сити. Ама има кучето многу јаки голови во кариерата и не за џабе е прв стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед со 253 гола. Пред точно 10 години ја опали поштено од пола терен против Вест Хем.

Падна и смеење на жрепката за ЕП, Србија ја извлекоа со Косово

Македонија доби противници по мерка за квалификациите за ЕП 2026. На Србите пак мораа да им го поништат првото извлекување, па им успеа од втора мајка.

Теорија за машките кои не ги интересира спорт

Теоријата е на српскиот актер и водител, Милан Калиниќ.

Грузија на чекор од Европско, Украина направи чудесен пресврт во Зеница

Мошне убедливи резултати донесоа синоќешните полуфинални дуели од баражот за пласман на Евро 2024. Грција го растури Казахстан со 5-0 и се избори за финален дуел за пласман на големиот собир во Германија, а Украина направи неверојатен пресврт на гости кај Босна и Херцеговина.

Не е нормален, почна и зад кош да постигнува поени

30 поени, 14 скока и 11 асистенции. Трипл дабл број 22 сезонава, вкупно 126 во регуларниот дел од сите сезони плус 16 во плејоф битките прават вкупно 142 во кариерата.

Како изгледа патот на Македонија до осмото Европско во низа?

Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за новиот квалификациски циклус за ЕП 2026. Лазаров е задоволен од ждрепката, но смета дека на треба да се потценат двете селекции против кои треба да ја оправдаме фаворитската улога.

Штосен графит со маскираниот навивач на Трабзонспор пред суд

Нигериецот Брајт Осаи Самуел кој му влезе со боксови на навивачот на Трабзонспор, кој влета со маска на терен, доби графит од навивачите на Фенербахче. Арно ама и навивачот на Трабзоспор се најде на графит и тоа пред суд. Другарите во обид да го одбранат, сакаат да испратат порака дека не се тепа со никој, што е за право ако за доказ се важи само моментот кога стои сам.

Добар ли е Харден со паметот?

Лос Анџелес Клиперс води против Портланд со 21 разлика. „Брадата“ лабаво, како во маало со другарите, оди да лепи играч кој шутираше тројка, ама играч од негова. И овој промаши нормално.

Левицата на Диего

Марадона почина на 25-ти ноември 2020-та година. Зад себе остави толку многу мастраф што за видеа, репортажи, филмови, серии, документарци. А богами и голови за потсетување одвреме-навреме.

Три карти за Европско првенство - вечерва се баражите

Дванаесет репрезентации се близу остварување на сонот за пласман на Европско првенство 2024 кое се игра летово во Германија.

Соиграч на Попов, тренер на Пандев, во кумска врска со Берлускони

Легендарниот Андриј Шевченко вчера беше во Скопје. Фаца е дечкото, нема што, ќе се потсетиме малку на него. Иако еднаш го раскрварија на Градски, па се налути и си отиде. Има и видео од тоа.

Како изгледа дерби во Тунис?

Земјите од северна Африка неверојатно многу го сакаат фудбалот. Мароканците и Тунижаните просто како Јужноамериканците живеат за оваа игра. Особено кога има некое големо дерби во нивното првенство, стадионите се полни и има прекрасни кореографии и бакљади. За време на дербито Есперанс - Клуб Африкан гостинските навивачи не добиле дозвола да влезат ама затоа домашните направиле спектакл.

Ако може Пранди, може и Наталија

Проектилот на Елохим Пранди во финалето на ЕП меѓу Франција и Шведска беше хит број на турнирот во Германија и една од најголемите реткости во ракометот. Го повтори чешката репрезентативка Наталија Кухова на квалификацискиот дуел за ЕП 2024 против Холандија.

Нови немили сцени во Мајами, после Казо за малку и Беретини во несвест

Во 1. коло од турнирот во Мајами на Флорида, Матео Беретини во финишот на вториот сет од мечот против Енди Мареј изгубил рамнотежа и за малку не се срушил на земјата поради неподносливите услови за игра, односно +35 степени Целзиусови. Пред неколку дена младиот француски тенисер Артур Казо се онесвестил од преголем напор на преголеми горештини.