Колку се разгалени тенисериве, ко шах да играат

Еден играч на овогодинешното Отворено првенство на Франција рекол дека некој гледач го гаѓал со мастика. Женскиот број 1 Ига Швјонтек од Полска ја стишувала публиката на главниот терен зошто многу галамеле за време на размените.

Поради сево ова луѓето од Ролан Гарос, еден од најкултните Гренд Слемови на сите времиња, решија дека е доста. Директорката на турнирот, некогашната тенисерка Амели Морезмо во четвртокот рекла дека на гледачите од сега па натаму нема да им биде дозволено да пијат алкохол за време на натпреварите.

„Треба да ни дозволат да пиеме. Дозволено е насекаде на други места. Зошто не би било дозволено на тениски меч?“, вели 37-годишната Ана од Србија за Асошијетед Прес која по професија е пластичен хирург а во меѓувреме ужива во убавините на објектот „Филип Шатрије“ на Ролан Гарос.

Амели Морезмо која освои две Грен Слем титули пред десетина години вели дека обезбедувањето ќе биде зголемено околу терените и стадионите почнувајќи од ден петти на турнирот во југо-западен Париз.

„Досега алкохол беше дозволен на трибините. Не на секоја трибина: не беше дозволен во ВИП секторот на Шатрие на пример. Но сега е готово! Забрането е насекаде“, рела Морезмо.

На пример во Велика Британија нема забрана за пиење алкохол околу стадионите па и во самите ходници на стадионите, но не и на самите трибини, односно забраната важи за места од каде се гледа фудбал стои во законот.

Четириесетина години алкохолот во радиус од неколку километри од фудбалските стадиони беше забранет во Велика Британија, но сега веќе не е така.

40-годишниот Гиљерме Кагаја од Бразил со чаша пиво во рацете бил близу „Сузан Леглен“ стадионот каде тргнал да го гледа мечот Александар Зверев - Давид Гофан од втората рунда. „За мене не е проблем, затоа што барем може да пијам надвор од стадионот. Па и понормално е да се пие пиво надвор“, вели тој.

Токму белгискиот тенисер Гофан се пожалил по триумфот од првото коло дека за време на натпреварот кој го слееле 2.158 луѓе тој бил навредуван три ипол часа од гледалиштето. Некој и го гаѓал со мастика.

„Тоа е целосна непочит. Мислам дека епремногу. Станува како на фудбал. Наскоро ќе има бакљи, хулигани и тепачки на трибините. Мислам дека станува опасно. Некои луѓе се тука повеќе за да направат беља отколку да уживаат во атмосферата“, вели Гофан и додава дека на Отворените првенства во САД, Австралија и на Вимблдон не е така како што е на Ролан Гарос.

Пиеја што пиеја, нема веќе алкохол на Ролан Гарос

„Овде е многу нездрава атмосфера. Можеш да ги слушнеш луѓето кои ти дофрлаат и се обидуваат да те исфрлат од рамнотежа со навистина тешки зборови. Не би го повторувал тоа што го слушав“.

 

Ига Швјонтек, најдобрата тенисерка на светот која тргна во поход по четврти пехар во последните пет години на Ролан Гарос после мечот викнала: „Фала што навивавте за мене“! и додала дека навивачите премногу ги прекинувале за време на размените на поени на мечот со Наоми Осака во средата.

„Влогот е многу голем и може да се освојат многу пари тука. Така што ако изгубил малку поени може да ти смени многу. Затоа ве молам дечки, ако може да не поддржувате меѓу поените, но не за време на размените, тоа би било навистина, навистина прекрасно“. 

31 мај 2024 - 13:10