Голчиштето на Пранди во полуфиналето меѓу Франција и Шведска ќе остане во аналите на ракометот, како потег кој е вистинска реткост за овој спорт. На 15 секунди до крај, искусниот Готфридсон излезе сам пред гол за да погоди за +2, но направи чекори, а Французите во последниот напад изведоа слободен удар за реми по кое беа подобри во продолженијата и со 34:30 се изборија за финале против Данска.