Алиша Леман (25) е Швајцарка, игра за репрезентацијата на Швајцарија а извесно време беше меѓу подобрите фудбалерки во англиската женска Премиер лига.
Леман денес минува медицински прегледи и треба да потпише договор со женската екипа на Јувентус за која ќе настапува во новата сезона.
Таа важи за најатрактивна фудбалерка на светот а на Инстаграм ја следат, верувале или не, преку 16 милиони следбеници. Алиша Леман претходно во кариерата играла за швајцарски Фаруен па потоа во Евертон, Вест Хем и Астон Вила.