Offside

На 66 годишна возраст почина легендарниот фудбалер на Милан и репрезентацијата на Италија, вечниот број 6, Франко Барези.

Топ10 потези на првото коло од НБА плејофот

Центарот на Филаделфија Жоел Ембид и плејот на Денвер Нагетс Џамал Мареј го делат првото место во Топ10 изборот на најдобри потези од првата рунда во НБА плејофот.

Сакаш од моја половина да те лобувам?

Натпревар од прва лига на Јужна Африка меѓу Сехухуне и Кејп Таун Спарс. Победа на домаќините 1-0 со гол од преку пола терен на 18-годишниот Асехо Тивани во 52’ минута.

Лоб од соништата

Со 10 шампионски титули, 6 освоени Купа и 1 Лига Куп, Сент Етиен важи за еден од најтрофејните француски клубови. Ама во последните години се соочува со резултатска и финансиска криза па игра во втора лига. Сега на 4 кола пред крајот имаат одлична шанса да се вратат во елитната Лига 1. Синоќа губеле 0-1 од Бордо и имале играч помалку но со голови во 90+1’ и 90+4’ минута славеле 2-1 за огромни три бода.

Пеп Гвардиола лут и бесен за календарот

Манчестер Сити во средата одигра крајно исцрпувачки меч од 120 минути, продолженија и пенали со Реал Мадрид во 1/4 финале на Лига на шампиони. Во саботата напладне играше против Челси во полуфинале на англиски ФА Куп и победи 1-0 со гол на Бернардо Силва во 84’ минута. Сите играчи на Сити и Пеп Гвардиола се шокирани како е можно некој да нема усул за здравјето на играчите.

Сте виделе хет-трик од вадени топки на линија?

Лестер Сити го победи Вест Бром 2-1 и направи огромен чекор кон враќање во Премиер лига. „Лисиците“ се први со 91 бод, Ипсвич Таун е втор со 89 бода, а Лидс Јунајтед е трет со 87. Десниот бек на Лестер Хамза Чаудури направи нешто што не е видено досега на терените: три пати спасуваше гол на гол-линија.

Волеј на вечерта

Во 16. коло од најдобрата мексиканска лига МХ, Тигрес убедливо славел 5-2 над Некакса. Хет-трик имал Марсело Флорес а еден гол дал и сјајниот ветеран од Франција Андре-Пјер Жињак.

Два нови гола за Меси, еден и за Бускетц

Интер Мајами со 3-1 го совлада Нешвил и после 10 одиграни меча е прв на табела со 18 бода, иако ривалите во МЛС лигата имаат по еден или два меча помалку одиграно од нив. Лионел Меси постигна два гола а имаше и асистенција за погодокот на неговиот другар и соиграч од времето во Барселона Серхио Бускетц.

Забивањето на Јокиќ преку Леброн

Со уште една феноменална партија, Никола Јокиќ беше најзаслужен за триумфот на шампионот Денвер Нагетс во 1. коло од плејоф серијата против ЛА Лејкерс. Јокиќ ги оправда зборовите од неговиот добар пријател Леброн Џејмс кој пред почетокот на оваа нивна серија рече дека Никола е еден од најдобрите во историјата што играле во НБА.

Почна НБА шоуто - шампионот Денвер и Јокиќ со победа отворија над Лејкерс

Денвер Нагетс ја забележа десеттата победа по ред над ЛА Лејкерс во НБА лигата. Синоќа во 1. коло од плејофот беше 114:103 за шампионот.

Нов, осми рекорден скок на Швеѓанецот Дуплантис

Шведскиот феномен Арман Дуплантис го подобри својот досегашен светски рекорд во скок со стап за уште еден цел сантиметар, откако скокнал 6,24 на првиот овосезонски митинг на Дијамантската лига во Кина. 24-годишниот Дуплантис е актуелен олимписки победник и двократен светски шампион. Во 2020-та тој го презеде светскиот рекорд од Французинот Рено Лавиление.

Леброн Џејмс: „Јокиќ е еден од најдобрите во историјата“

Со сигурност најголема НБА суперѕвезда во последните дваесетина години, Леброн Џејмс, одново упати пофални зборови на сметка на актуелниот МВП на лигата Никола Јокиќ.

Нов прекрасен гол на Бојан Миовски против Селтик

Буквално на самиот почеток на големото полуфинале од Купот на Шкотска меѓу Абердин и Селтик, македонскиот репрезентативен центарфор постигна прекрасен гол за 1-0. Ова е втор гол на 24-годишниот Штипјанец во кариерата против трофејниот Селтик а 24-ти сезонава. Миовски има 14 гола во првенството и 2 асистенции, има 4 гола во шкотскиот Куп и 2 во шкотскиот Лига Куп и по два во Конференциска Лига и квалификации за Европа Лига.

Уште еден капитен заминува од Реал Мадрид

Италијанскиот познат инсајдер Фабрицио Романо на мрежата Х објави дека капитенот на Реал Мадрид Начо Фернандез (34) решил по крајот на сезоната да замине од клубот како слободен играч.

Лука Дончиќ со балканска музика го спрема Далас за плејоф

Далас Маверикс ја крена формата таман на време, пред стартот на разигрување во НБА лигата. Ги чека голем ривал, ЛА Клиперс кој има по имиња најдобар состав во цела лига. Првиот дуел е во недела од 21:30 по Средноевропско време. Во меѓувреме Лука Дончиќ ги спрема Ирвинг и другите со балканска музика.

Викендов има топ фудбал

Денешниот и утрешниот ден на програмата носат фантастични дерби дуели во секое ќоше од Европа но и во Јужна Америка.

Интересен гол на Влаховиќ од слободен удар

Јувентус продолжи со игрите топло-ладно и синоќа едвај извади бод на гостувањето на Сардинија кај Каљари. Јувентус губеше 2-0 по два пенали за домаќинот во рок од само шест минути: 30-та и 36-та. Влаховиќ намали на 2-1 во 61-ва со маестрален слободен удар а Досена си даде автогол во 87’ минута за конечни 2-2.

Соиграч на Јокиќ откри како Никола ги спрема за плејоф

Шампионот Денвер Нагетс во недела го очекува првиот натпревар од плејофот против ЛА Лејкерс. Минатата сезона Денвер го совлада Лејкерс со 4-0 во серијата но сите четири меча беа тесни и далеку од лесни за Јокиќ и другарите. Никола ги собрал соиграчите дома кај него пред некоја вечер.

Трката за титулата меѓу Вардар и Пелистер, но и Охрид

Завршницата во плејофот од Супер лигата во ракомет, станува супер интересна. Ѕирнете ги табелата и распоредот до крај. Три екипи се во игра за титулата и на никој нема да му биде лесно.

Си гледал баскет во Сирија?

Прекрасна атмосфера во финалето на кошаркарскиот Куп на Сирија кое го добил Ал Ахли од Алепо против Ал Вахда 80:63. За земја која што со децении е истормозена од граѓански војни, терористички напади и закани од соседните земји, ова е преубав спортски настан во права смисла на зборот.

5 мозоци од средниот ред на Шпанија - 5 тренери на големи екипи

Тезата дека играчите од среден ред како организатори на фудбалската игра, имаат визија за да станат добри тренери не е муабет за во магла. Диригент во игра и диригент на клупа не е исто, но сепак на фотографијава има тони кликер кој и во денешно време носи големи резултати.

Европскиот рекорд на Леверкузен спакуван во 2 минути

Од чудото наречено Баер Леверкузен направија тајмлајн со сите 44 натпревари, со кои од синоќа се рекордери во непобедливост и тоа во најсилната можна конкуренција од топ 5-те лиги во Европа. 44 меча без пораз - 44 гола. Уживајте.

Смеј се ти, ама на Лука има да му станеш и оро ќе играш

Пред стартот на гостувањето на Етихад, резервните играчи на Реал Мадрид се местат полека на клупата. Доаѓа Модриќ и одма секој на свое место. 

Добар мајтап за голман кој полни 40 години

Павел Кишек кој има сменето неколку клубови во Португалија, брани за португалскиот второлигаш Униао де Леириа. Играчите бајаги креативни за неговиот 40-ти роденден. Му организирале забава на која висеа балони и слики од него, плус се разбира наместиле софра и купиле торта. Ама чекај да видите што му спакувале на младичот за подарок.

Брутализмот на Сантијаго Бернабеу

Гламурозното реновирање на најпознатиот светски храм на фудбалот „Сантијаго Бернабеу“, дом на Реал Мадрид, се приведува кон крај. Во план е свечено отворање да има летово а се шушка дека главен настан ќе биде и промоцијата на Килијан Мбапе како нов играч на „кралевите“. Да ѕирнеме што има под тревникот на Бернабеу?