Изјава пред мегданот од Шпанецот Хоселу

Утревечер, петок од 18:00 се игра големиот европски класик меѓу Германија и Шпанија. Четвртфинале на Европско првенство. Битка на титаните. Две селекции кои покажаа најмногу од сите останати на турнирот. Ќе биде штета која и да испадне од игра за трофејот. Ветеранот Хоселу (34) кој играше во Реал Мадрид со легендата Тони Крос за неговиот другар од репрезентацијата на Германија вели:

„Секако за нас е многу важно да победиме на овој натпревар зошто со победа одиме во следна рунда. Што се однесува до Тони (Крос), ние се грижиме за нас, не за други играчи, го сакам Тони, многу ми значи, ми помогна во Мадрид со совети, ама во петок ќе му биде последен меч за репрезентација“.

Крос на своја прес-конференција: (со насмевка) „Што рекол? Го кажал тоа зошто сака да победат. Сфаќам дека сака Шпанија да стигне до полуфинале, но мислам дека Германија има многу што да напави да ја спречи Шпанија во тоа. Интересно е тоа што го кажал Хоселу.“

 

4 јули 2024 - 09:34