Фудбалска страст во Мароко препознаена во Германија

Некоја вест и од клупски фудбал, ретко видена. Но Германци се тоа. Прашајте ги Комити за навивачите на Шалке.

Усама Ритахи од Мароко има 29 години и веќе 16 години е страствен навивач не на Баерн, Борусија или можеби Баер, туку на Хамбург.

Љубовта кон овој клуб му се раѓа во 2008-ма кога во кафуле во Казабланка ги гледал на меч од Купот на УЕФА. Бил фасциниран од еден гол на Младен Петриќ. Од тогаш им ги гледа сите натпревари преку стримови на интернет.

Но во тие 16 години никогаш немал можност да го бодри бундеслигашот во живо. Затоа тука се германските навивачи кои се институција во светот на фудбалот.

Тие ќе му овозможат сонот да му стане реалност. Како? Преку донации. Целта е да соберат 3.500 евра за да му овозможат да патува во Германија. Иницијативата им оди како подмачкано. Сумата е веќе  надмината, од вчера до денес во моментов имаат собрано 3.685 евра.

Инаку Ритахи работи како консултант и предава на универзитетот во Рабат, а за важни натпревари понекогаш зема слободен ден.

Во 2013-та основал фан клуб „HSV Arabic Fans", а клубот брои 18 членови. Сите живеат во Мароко и Египет. На Фејсбук страницата „HSV Arabic Fans" има околу 6.000 следбеници.

Кампањата за собирање средства меѓу навивачите на Хамбург се јавила после напис во весникот Цајт.

Во апелот за донации се вели вишокот на пари да се искористат за добротворни цели во организацијата „Чекори за деца“.

Планот е да му го овозможат следново:

3 јули 2024 - 14:05