Мертезакер со збор-два за шпанската игра

Шпанија е светска спортска империја. Нема спорт во кој не се при врвот. Така е и на актуелното Еуро2024 каде „црвената фурија“ покажа најмногу од сите. Играат неверојатно убав фудбал и се одвојуваат од сите други со својот стил. Некогашниот стопер на германската репрезентација и Арсенал, Пер Мертезакер во кратки црти ги опишува.

„Неверојатно се брзи во транзициско движење за само 25 секунди, неверојатно добри играчи се во играта 1-на-1. Ќе мора пеколно да пазиме на нивното доминантно однесување околу шеснаесетникот“.

 

3 јули 2024 - 11:54