Италија на ЕП 2021 vs Италија на ЕП 2024

Нè копкаше да видиме во што се разликува Италија од пред три години и сега, за од европски првак да падне толку ниско и што ќе видиме. Скоро никој да нема од шампионите. Двајца без тројца.

Во купот на разочарувања на ова Европско првенства меѓу големите селекции на прво место е Италија, кој едвај стаса до топ 16 и потоа го фати авионот за дома.

Прво затоа што во Германија пристигна како бранител на титулата, второ заради реномето и традицијата кои ги има во фудбалот и трето, сепак зборуваме за двократен европски и четирикратен светски првак.

Италија на минатото Европско првенство имаше далеку послаба група, но затоа пеколно тежок пат до титулата кој го мина јуначки.

Италија на Спалети одигра целосно неубаво за око, безлично, бездушно, па дури и без жар и желба. Најслабо откако ги гледаме.

Затоа пак онаа на Манчини беше најдопадливата Италија до сега. Не гледавме калкулантски фудбал со паркирање на автобуси, туку напаѓачки стил со изградени акции и течен фудбал.

Игра што ја форсира човекот со 13 трофеи, 5 повеќе од Спалети кој има 8 години подолг тренерски стаж.

За Италијанците тогаш Швајцарија не само што не беше проблем, туку ја збришаа со 3:0, а со ист резултат ја совладаа и Турција. Велс падна со 1:0 и тоа беше перфектно одиграна групна фаза со 9 бода и гол разлика 7:0.

Ако Австрија во осминафинале не беше сериозен противник, тогаш што да се каже за следните три пречки на патот до трофејот. Белгија, Шпанија, Англија.

Зошто наеднаш толкав пад, рана елиминација и никаква игра после фантастичен перформанс крунисан со пехар? Анализата нека ја стартуваат најпрвин од сомнителниот избор на играчи.

Во рок од три години, колку што има помеѓу овие две Европски првенства поради пандемијата, верувале или не Спалети повикал само петмина играчи од шампионскиот состав на Манчини. Тоа се Киеза, Барела, Ди Лоренцо, Донарума и вториот голман Мерет. Толку.

Јасно е дека има неколку примери кои се постари или ја завршиле репрезентативната кариера како Бонучи и Кјелини или други со послаба форма, но сепак ова е огромна и нагла промена на скоро цел состав.

Гледајте и споредувајте. Ова тимот на Италија против Швајцарија во осминафиналето 2024.

И оној против Англија во финалето 2021.

4 јули 2024 - 14:38