Во меѓувреме навивачите на Рома уште еднаш ја докажаа неверојатната љубов кон клубот. Нив клубот им е поважен од Европското првенство па така до 27-ми јуни веќе се продадени 38.000 сезонски карти што е најдобар показател од сезоната 2002/2003 (година после освоеното Скудето кога продале 48.000 сезонски во јуни).
На 28-ми јуни е продолжен договорот со Даниеле де Роси како тренер на екипата до крајот на 2027-ма година. Сега „римската волчица“ очекува и нови засилувања а прво најверојатно ќе биде Федерико Кјеза од Јувентус.
Мајкл Вандел претходно работел во сериозни клубови во НБА како Бруклин Нетс, Шарлот Хорнест, Феникс Санс и Индијана Пејсерс. Во својата биографија навел дека работел извесен период и во бејзбол гигантот Лос Анџелес Доџерс.
Нов комерцијален директор Рома ќе добие деновиве, велат од клубот откако направиле проценка на штетата предизвикана од досегашниот директор на маркетинг.
А еве во меѓувреме маркетинг „фраерите“ од Милан каква нова гарнитура извадија. Со ударна сина боја која потсеќа на Интер па се очекува да се види каква ќе биде реакцијата на росонерите: