Централниот терен бил отворен во 1922. година. Најголема реконструкција доживеал во периодот од 2006-2009 година и таа чинела околу 100 милиони фунти.
Капацитетот на култниот Централен терен (Wimbledon Centre Court) е 14.979 гледачи. Влезниците за натпреварите на овој прекрасен стадион чинат од 90 до 275 фунти.
Централниот терен е најпознат тениски терен на светот каде се игра третиот Гренд слем по ред во календарот. Во 2009-та година бил поставен нов подвижен покрив кој овозможува натпреварите да се играат без проблем дури и кога врне во редовно дождливиот Вимблдон.
Покривот се затвора за 10 минути а за тоа време мечот се прекинува на кратко. На системот за аклиматизација и ладење на воздухот при затворање на покривот му треба 45 минути да постигне идеална температура.
По правилата на турнирот покривот останува затворен до крајот на мечот без разлика дали дождот прекинал или не.