По страшно напорната сезона во НБА во која одигра 70 натпревари од кои некои со многу висок интензитет во плејофот, Лука Дончиќ и се стави на располагање на репрезентацијата на Словенија во квалификациите за Олимписки Игри.
Словенците во 1. коло доживеаа неочекуван пораз од Хрватска но во 2. коло го декласираа Нов Зеланд кој претходно ја совлада Хрватска и им овозможи на Словенците да ги надминат Хрватите на табела.
Лука Дончиќ на мечот против Нов Зеланд имаше трипл-дабл со 36 поени, 11 скока и 10 асистенции. 20 поени со 12 скока запиша Џош Нибо а по 14 уфрлија Хорват и Препелиќ. Кај Нов Зеланд Шеј Ли уфрли 28 поени.
На Словенија ѝ требаше победа од најмалку 29 поени разлика против Нов Зеланд со цел да завршат први во група и да ја избегнат Грција во полуфинале. Имаа Словенците доволна предност но во самиот финиш Нов Зеланд ги скрати за тие три поени кои ќе беа можеби клучни.
Сега Словенија во сабота ќе игра во полуфинале против домаќинот Грција, во Пиреја пред полни трибини против ѕверот Јанис Андетокумбо кој одмораше на претходниот меч на Грците. Во другото полуфинале од овој турнир ќе играат Доминиканска Република и Хрватска па победникот од овие два натпревари кои се на програма во сабота вечер, веќе во недела ќе играат во големото финале за пласман на Олимписки Игри.