Offside

Само една година откако Марк Волтер го купи мнозинскиот пакет акции и стана сопственик на ЛА Лејкерс, сега Џош Кушнер, братот на зетот на Доналд Трамп Џаред Кушнер, и поранешниот извршен директор во Дизни Боб Игер го купуваат истиот пакет.

Лига на нации наместо пријателски натпревари

На конгресот на УЕФА кој овој месец ќе се одржи во Казахстан, најверојатно ќе се разговара за укинување на меѓународните пријателски натпревари и за оформување на „Лига на нации" во која ќе играат 54 репрезентации поделени во лиги.

Ѓуровски: Ќе барам играчи со карактер

Македонската фудбалска репрезентација утревечер на „Филип Втори“ ќе го нагости првиот противник во новата година, а тоа е селекцијата на Летонија која е 111 на ранг листата на ФИФА. Новиот предводник на нашата селекција со нови сопствени принципи ќе се обиде да го подобри квалитетот во нашиот тим.

Газдата на Кардиф недозволено ветувал бонуси

Повторно нашиот офсајд лик на годината се најде во медиумите заради лоши вести. Премиер лигата ќе започне истрага против Винсент Тан заради сомневањето дека на неговите фудбалери им нудел бонуси.

100 дена до Мундијалот во Бразил

Броиме ситно. Уште точно 100 денови до најважното фудбалско натпреварување во светот. На 12 јуни треба да започне Светското првенство во фудбал во Бразил, а домаќините абер си немаат.

Најлошиот боксер не се откажува и по 51 пораз во серија

Робин Дикин е толку лош боксер што дури и британската федерација му ја одзеде дозволата за негово добро по толку ќотек, но тој и натаму не се откажува и покрај тоа што има серија од 51 пораз.

UNIQA фуриозно против Arcelor Mittal

Стартуваа натпреварите од 11-то коло од Бизнис Лигата на Македонија.

Ал Ахли е најтрофејниот клуб во светот

Првата позиција на најмногу освоени интернационални титули долго време ја одржуваа екипите на Милан и Бока Јуниорс, но со последниот трофеј на Египќаните тие избиваат на првата позиција пред големиот европски и јужноамерикански гигант.

Решавачки голмански гол

Изминатово коло дефинитивно не помина во знакот на голманите кои заредија многу киксеви. Но имаме и еден јунак од Колумбија кој при резултат 1:1 го реши натпреварот со фантастичен погодок од слободен удар.

Првата забулена судијка

Само што напишавме денеска за официјалната одлука на ФИФА која одобри носење шамии на фудбалски натпревари, еве ја и првата муслиманка која како делител на правдата дебитираше со дел од нејзините традиционални носии.

Платини против глупавото фудбалско правило

И првиот човек на УЕФА, Мишел Платини смета дека тројната казна при прекршок во шеснаесетникот е глупаво фудбалско правило, но тоа никако да се промени.

Мајсторијата на Меси од повеќе агли

Кога Меси се мести да шутира слободен удар, на „Камп Ноу“ веднаш се палат камерите на телефоните. Еве како изгледаше тоа вчера на мечот против Алмерија кој го добија Каталонците со 4:1.

Дресови од фудбалската репрезентација за најдобрите типстери

Првиот оригинален дрес од фудбалската репрезентација на Македонија оди во Кратово, а овој месец на најдобрите типстери ќе им доделиме два дреса.

За мафијашки газда, мафијашки пречек

Новиот газда на Лидс тешко дека ќе ги освои симпатиите на навивачите. Тој е само еден месец мнозински сопственик на англискиот второлигаш и уште на стартот доби непријатен пречек кој асоцира на неговото неславно минато.

ФИФА дозволи шамии и турбани

По скоро две години пробен период, Светската фудбалска федерација и официјално одобри носење на марами и турбани на фудбалски натпревари.

Арсенал му зема 450.000 денари

Нашиот махер на годината овој пат е најголем малер. Скопјанецот Никола кој стана главне вест во нашите медиуми откако фати 20.000 евра, овој пат остана без добивка од околу 7.000 евра само заради киксот на Арсенал кај Стоук.

Викенд на голмански киксеви

Во последно време зачестија голманските гафови. Минатата недела двајца прогласивме за офсајд ликови, а викендов уште неколку од нив посебно се истакнаа, па слободно можеме на сајтов да отвориме и посебна категорија за голмани.

Прв пораз за ЖРК Вардар во ЛШ

Избраничките на Индира Кастратовиќ го почувствуваа првиот пораз во најквалитетно клупско европско натпреварување. Во четвртиот натпревар од втората фаза во ЛШ Вардарки загубија минимално на гостувањето во Икаст од Митјиланд со 25:24.

Гол првенец за Ибраими во Серија А

Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими ја начна мрежата во елитното италијанско фудбалско првенство. Тимот на Каљари славеше со 3:0 против Удинезе, а нашиот интернационалец асистираше при вториот и одлично се снајде во контра нападот по кој го матираше противникот.поставувајќи го конечниот резултат.

Осврт на десеттото коло на Бизнис Лигата

Пролетниот дел на Бизнис Лигата на Македонија започна со 10-тото коло кое донесе многу возбудлив и квалитетен фудбал.

Манчестер Јунајтед против Манчестер Јунајтед

„Манчестер Јунајтед го победи Манчестер Јунајтед со 5:0 во Лига Европа." Постојат шанси ваков наслов да напишеме летово.

Јуначки пресврт на МЗТ Скопје

Македонскиот кошаркарски шампион го доби најважниот меч на сезоната кој може да биде клучен за пласман во Еврокупот. На гостински терен против Игокеа, тимот од Аеродром со голем пресврт во последната четвртина славеше убедливо со 65:79.

Тикет на колото

Овој викенд во фудбалска Европа ќе се одиграат многу интересни дерби дуели на кои ние очекуваме да има повеќе голови.

Голови на неделата

Уште една недела полна со прекрасни голови. Помеѓу десетте најдобри се најдоа и голчиштата на Бејл, Марковиќ, Хунтелар и Гаитан.