Несудениот светски шампион
Селекцијата на Швајцарија за играчи до 17 години го освои Светското првенство во 2009 година, но славјето во Нигерија младиот напаѓач Јосип Дрмиќ го гледал на тв. Само неколку недели пред младинскиот Мундијал, Дрмиќ не успеал да извади швајцарски пасош и тоа во неговиот втор обид. Од 2012 година тој е дел од сениорската репрезентација со која ќе патува во осминафиналето во Бразил.
Амбасадорот Бенаљо
Првиот голман на Швајцарија, Диего Бенаљо нема одговорност само на теренот, туку тој е посветен за да им помогне и на помладите играчи. 30 годишниот Бенаљо кој е татко на две деца е амбасадор на фондацијата “Pro Juventute“ и е дел од кампањи против ширењето насилство преку интернет. Според него правилата кои треба да се почитуваат на терен, важат и за на интернет. Неговото мото во животот е фер плејот.
Банкарот од Базел
Пред само две години дефанзивниот фудбалер Фабијан Шер не само што играл во второлигашки клуб во Швајцарија, туку работел и во банка. Неговиот живот за кратко време се променил. Најпрвин потпишал за Базел, а потоа добил повик и од Отмар Хицфилд во националниот тим во август 2013 година.
Фудбалска традиција
Во семејството на левиот бек на Швајцарија, Рикардо Родригез фудбалот им е во гените. Од 2012 година тој е член на тимот на Волсбург, а по истите стапки тргнаа и неговите браќа. Неговиот постар брат Роберто игра во средниот ред на Сент Гален со кој минатата година се пласираше во Лигата на Европа, а помладиот Франсиско е дел од младинскиот тим на Цирих, каде почна да тренира Рикардо.
Осамениот Мехмеди
Швајцарскиот напаѓач Адмир Мехмеди пред две години од Цирих премина во Динамо Киев, но во неговиот дом се чувствувал многу осамено па решил да си купи куче. Младиот Мехмеди многу се приврзал за својот домашен миленик и го шетал по четири пати дневно, но откако се преселил во Фрајбург, кучето го оставил во Украина. Роден е во Гостивар на 16 март 1991 година, а кога имал две години со семејството се преселил во Швајцарија.