САД останува, Португалија си оди дома

Пријателството на Јирген Клинсман и Јоаким Лев не придонесе за реми помеѓу Германија и САД кое се шпекулираше дека ќе го договорат за мирен пат до осминафинале. Германците остварија минимална победа, но и двете селекции на крајот се радуваа.

Група Г

САД - Германија 0:1
Милер 55` 

Томас Милер со одличен удар во 55 минута и донесе триумф на селекцијата на Германија која завршува пропласирана во групата Г. Избраниците на Лев имаа шанси и за поубедлива победа, но имаа проблем со завршницата. Германија во осминафиналето ќе се сретне со второпласираната репрезентација од групата Х, а тоа веројатно ќе биде Алжир или Русија. Американците и покрај поразот презадоволни ја напуштаат групната фаза, а во нокаут фазата ќе се сретнат во Белгија.

Португалија - Гана 2:1
Боје 31`, Роналдо 80` - Гјан 57` 

Фудбалерите на Португалија и покрај првата победа на ова Светско уште вечерва ќе си ги пакуваат куферите. Најдобриот играч на планетата конечно стигна до деби гол во Бразил со кој при резултат 1:1 го реши мечот на 10 минути до крајот. Заедно со нив Мундијалот го напушта и селекцијата на Гана.

26 јуни 2014 - 20:11