Предводникот на селекцијата на САД напиша писмо во кое бара работодавачите да ги ослободат од работа своите вработени за да ја бодрат американската репрезентација која го игра клучниот натпревар за пласман во осминафинале.
„Јасно ми е дека отсуството од работа може да ја намали продуктивноста во вашите компании, но можам да ве убедам дека за тоа има голема причина. Фудбалерите на САД имаат тежок натпревар на Светското првенство против Германија и им е потребна целосна поддршка за да ја минат ова фаза“, напиша Клинсман.
Американците гледаат многу повеќе фудбал за време на Мундијалот, рушејќи рекорди на ТВ. Натпреварот против Гана го следеле во живо 16 милиони гледачи, а второто коло помеѓу САД и Португалија ја собра најбројната публика од 24,7 милиони луѓе.
Фудбалската треска во САД е толку голема за време на Светското првенство и успеа да привлече поголемо внимание од годинашното НБА финале помеѓу Мајами и Сан Антонио кое го следеле 15,5 милиони гледачи.