Славниот Уругвајски репрезентативец, Алваро Рекоба кој се пензионираше пред три години. одлично го познава италијанскиот фудбал каде една декада го носеше дресот на Интер, а за вечерва на своите сонародници им препорачува да имаат посебен третман за плејмејкерот на Јувентус.
„Тоа ќе биде “натпревар на смртта“, најлошиот кој може да им се случи на двата тима. Триумфот над Англија им го подигна моралот на Уругвај и Италија, но тоа може да биде и контрапродуктивно за една од селекциите. Според мене Пирло треба да го чуваат постојано, па дури и кога оди во соблекувална и во тоалет. Другото силно оружје доаѓа од Балотели. Тој не играше на високо ниво цела сезона, но доколку “оди на десна нога“ може да го реши мечот“.
Од репрезентацијата на Уругвај, Рекоба го издвојува Суарез, а за редење победи на Светско смета дека е пресуден квалитетот, а не тактиката.
„Во денешно време успеси во фудбалот се прават со квалитет, а не со многу тактизирање. Барселона и Баерн Минхен работеа многу на тоа на клупски план, исто како и селекциите на Шпанија, Холандија, Германија и Бразил. Фудбалот почна да се развива секаде, а јас мислам дека пред некој Иран заслужи да слави над Аргентина. Гигантите мора да одат напред и да престанат да ги потценуваат земјите кои немааt богата историја како нив“, вели Рекоба за football-italia.