Шаќири со хет трик ја однесе Швајцарија во осминафинале

Членовите на Баерн Минхен Тони Крос и Џердан Шаќири се досега единствените двајца фудбалери кои во Бразил успеаа по три пати да стрелаат на еден натпревар. Германскиот напаѓач против Португалија, а швајцарскиот вечерва против Хондурас.

Група Е

Хондурас - Швајцарија 0:3
Шаќири 6` 31` 71`

22 годишниот Шаќири беше главната фигура во претпоследниот ден од третата рунда на Мундијалот во Бразил, кој со фантастична партија зачинета со три погодоци ја одведе својата земја во нокаут фазата на мегдан против Аргентина. Младиот напаѓач го запиша јубилејниот 50 хет трик на Светските првенства.

Еквадор - Франција 0:0

Селекциите на Еквадор и Франција го намалија големиот просек на постигнати голови во Бразил откако одиграа меч без голови. Првопласираната Франција во нокаут фазата за противник ќе го има тимот на Нигерија.

26 јуни 2014 - 00:01