Offside

Во Германија со месеци се дискутира проблематиката со инфлуенсери и влогери на стадионите а сега прв реагираше Динамо Дрезден, култниот клуб од источна Германија кој презема мерки со цел да се сузбие злоупотребата на права.

Прв пораз на Македонија

Избраниците на Александар Џикиќ не успеаа да остварат 100% учинок по првите четири квалификациски средби и со тоа да ја заверат визата за Евробаскетот во Украина. Реваншот против Белгија го загубија со 63:60.

Легендарниот судија кој се тркаше и бакнуваше со Баркли

По 39 години судење во НБА, Дик Бавета се повлекува од паркетот на 74 години. Делеше правда на рекордни 2.635 меча и не откажа ниту еден.

Преведувачката која ги полни прес салите на Фиорентина

Босанецот Марко Марин кој градеше кариера во Бундеслигата е најновото засилување на Фиорентина, но во присуство на Симона, неговата појава не беше воопшто интересна пред новинарите. Згодната Италијанка која има потекло од Германија, преведуваше о за време на ланското претставување на Марио Гомез.

Ибраими против Келтите за влез во елитата

По вчерашните возбудувања, за добар резултат пред реваншите, вечерва во плеј-оф мечевите од ЛШ ќе се борат Алборг – Апоел, Марибор – Селтик, Лил - Порто, Стандард Лиеж – Зенит и Слован Братислава – Бате Борисов.

Наместо прослава на гол, топката под облаците

Во моментот кога требаше да ја круниса акцијата со погодок, Колумбиецот Мигел Борха им даде задача на физичарите.

Белгија – Македонија и Марибор – Селтик

Од спорт на ТВ денеска ви го препорачуваме четвртиот квалификациски меч на кошакркарите на Македонија, како и останатите плеј-оф средби од Лига на шампиони каде ќе го гледаме Агим Ибраими.

Новите стадиони како бели слонови

Светската фудбалска куќа ѝ предложи на Русија да не гради многу стадиони за Светското првенство кое во оваа земја треба да се одржи за четири години. Русите планираат планетарното фудбалско збиднување да се игра на 12 стадиони во 11 града.

Како Балак гаѓа во пензија

Поранешниот германски репрезентативец, Михаел Балак загубил од својата прецизност, а како резултат на тоа страдаше погрешната, болна мета на неговиот пријател.

Малерозниот УС Опен на Надал

Шпанскиот тенисер од година во година има сè посложен однос со последниот голем турнир во годината, кој нема да биде во можност да го брани поради повреда на зглобот на раката. Борбата на Флешинг Медоус терените почнува на 25. август.

Арбелоа и Касиљас не се трпат

Бекот на Реал Мадрид им посака среќа на колегите кои беа стартери на вчерашното финале од шпанскиот Супер куп против Атлетико, но го скокна само голманот на Реал Мадрид. 

Реми во Неапол и Истанбул, гостински триумф за Леверкузен

Со голот на Игуаин, фудбалерите на Наполи се спасија од пораз во плеј-оф мечот за Лигата на шампионите. Предност на првите средби на домашен терен обезбедија екипите на Салцбург и Стеауа Букурешт. Во Турција немаше голови, а во Данска паднаа пет за едно полувреме.

Манчестер Сити ќе ги субвенционира навивачите

Гостувањето на „Емирати“ во Лондон чини многу пари, но оваа сезона „Граѓаните“ ќе им излезат во пресрет на своите навивачи кои лани откажуваа карти поради високата цена.

Хонда барем ја изведе

Доста му се смеевте на фудбалерот на Милан кој гаѓаше чавки. Погледнете го Серж Гакпе од Конго, кој игра за Нант.

Арсенал во пеколот на Истанбул, Билбао во Неапол

Горан Пандев кој не се најде на списокот на Бенитез, вечерва ќе биде само гледач на Сан Паоло во двобојот за пласман во групната фаза од ЛШ. За таму вечерва ќе се борат и Копенхаген – Баер Л., Стеауа Букурешт – Лудогорец, Бешикташ – Арсенал и Салцбург – Малме.

6 месеци казна за удирање судија

Фудбалерот на Коринтијас, Петрос мислел дека камерите снимаат само шанси и голови, а кога го удри со рамо судијата Рафаел Клаус на мечот против Сантос, "се направи на Tошо". Картон не доби, но бразилската фудбалска федерација го почасти со суспензија од 6 месеци.

Милионерот кој суди од љубов

Познатиот шведски арбитар, Јонас Ериксон се збогатил во 2007. година кога за 10 милиони евра продал акции од компанија која почнала од нула, а сега е светски популарна.

Од архивата на Ибра

Шведскиот голгетер малерозно ја почна новата сезона во француското првенство. Во прво коло даде два гола, но промаши пенал со кој ПСЖ ќе победеше. Изминатиов викенд на средбата против Бастија го повреди мускулот во пределот кај ребрата и ќе мора да отсуствува еден месец. Да го поздравиме со ремек делово.

Реал – Атлетико Мадрид

Од спорт на тв за денеска ви предлагаме само фудбал. Пет плеј-оф средби од најквалитетното клупско европско натпреварување и шпанското градско дерби.

Кога соблекувалните ќе станат ринг

Претседателот на ПСЖ, Ал Келаифи побара доживотна забрана за настап на Брандао, фудбалерот на Бастија кој викендов намерно со глава му го скрши носот на Тијаго Мота.

На 17 години ќе вози во Формула 1 за Ред Бул

Холанѓанецот Макс Верстапен ќе биде најмладиот пилот во историјата на Ф1, откако тимот на „Црвениот бик“ соопшти дека од 2015. година тинејџерот ќе му биде партнер на Русинот Даниил Киват.

Мурињо ќе биде набркан со таков пристап

„Специјалниот“ секогаш сака да биде најдобар, но во пресрет на неговиот прв меч сезонава во Премиер лигата изјави дека не е грев ако се заврши втор на крај. Сите негови претходници, заедно со него, со таков пласман добиваа отказ од газда Роман Абрамович.

И Балотели се освежи со ладна вода

Бевме на штрек и чекавме само да се појави за да видиме што ќе смисли. Акцијата Ајс Бакет брзо стигна до Европа и до Балотели кој ги номинираше соиграчите Есиен и Мунтари.

УС опен ќе се игра без бранителот

Рафаел Надал го откажа учеството на отворено првенство во САД поради повреда на зглобот на раката.