РОМА - МАНЧЕСТЕР СИТИ 20:45
- Римскиот клуб победи на последните 3 натпревари на домашен терен против премиерлигашки екипи;
- Рома последен пат на Олимпико против англиски состав играше во сезоната 2008/09, кога единствено Франческо Тоти и Даниеле Де Роси од денешниот состав играа во победата од 3:1 над Челси;
- Манчестер Сити победи на последните 5 средби во сите натпреварувања, вклучувајќи го и пресвртот против Баерн Минхен 3:2, резултат кој ги остави во игра;
- Англичаните во Италија допатуваа без најдобриот стрелец, Кун Агуеро кој постигна 16 голови на последните 15 одиграни натпревари. Аргентинецот е повреден;
- Во 1984. година, Рома загуби во финалето од Купот на европските шампиони (денес ЛШ) од Ливерпул на пенали. Натпреварот се играше на Олимпико во Рим и по 90' минути заврши 1:1
- Манчестер Сити никогаш не победил во Италија и нивниот учинок на Апенините е 2 ремија и 2 порази;
- „Граѓаните“ последен пат славеле против италијанска екипа во сезоната 1978/79, кога во третата рунда беа подобри од Милан со 3:0; Сегашниот помошник тренер во Сити, Брајан Кид даде гол и на двата натпревари против Милан;
- Првиот натпревар меѓу двете екипи сезонава заврши 1:1. Отвори Агуеро од пенал во 4' минута, израмни Тоти во 23' минута;
Можни состави:
Рома: Де Сантис, Мајкон, Астори, Манолас, Холебас, Пјаниќ, Кеита, Наинголан, Жервињо, Тоти, Љајиќ.
повредени: Кастан, Торосидис, Скорупски
Манчестер Сити: Харт, Забалета, Компани, Мангала, Клиши, Фернандо, Фернандињо, Милнер, Јоветиќ, Насри, Џеко.
повредени: Настасиќ, Агуеро, Јаја Туре, Давид Силва.
ЧЕЛСИ - СПОРТИНГ ЛИСАБОН 20:45
- Со победата од 5:0 против Шалке 04 во Германија, Челси и теоретски обезбеди пласман понатаму.
- Челси има 11 бодови, Спортинг 7, Шалке 5, Марибор 3, така што и тимот на нашиот Агим Ибраими има шанси да обезбеди Лига Европа на пролет, ако слави вечерва против Шалке.
- Мурињо и Челси се пласираа во следната фаза, по што Португалецот најави дека ќе им даде шанса на младите играчи, регистрирани за оваа рунда од ЛШ;
- Првиот дуел во Лисабон го доби Челси, со голот на Немања Матиќ;
- Португалскиот клуб победил само еднаш на последните 17 гостувања во Европа, а Челси минатиот викенд ја прекина серијата од 23 натпревари без пораз. Њукасл беше подобар од сините;
Можни состави:
Челси: Чех, Ивановиќ, Кејхил, Зума, Филипе Луис, Микел, Матиќ, Лофтус-Чек, Оскар, Ширле, Реми.
повредени: Аке', Тери, Азар, Вилијан
Спортинг Лисабон: Патрисио, Езгајо, Маурисио, Пауло Оливеира, Џонатан Силва, Вилијам, Адриен, Жоао Марио, Слимани, Мане', Кариљо.
повредени и казнети: Седрик, Нани, Џеферсон.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 6 КОЛО: (Играј ги на типстер)
Група Е: Баерн Минхен - ЦСКА Москва, Рома - Манчестер Сити
Група Ф: Ајакс - АПОЕЛ Никозија, Барселона - ПСЖ
Група Г: Челси - Спортинг Лисабон, Марибор - Шалке 04
Група Х: Атлетик Билбао - Бате Борисов, Порто - Шахтјар Донетцк